Архимандрит Захариј (Захару): Љубовта кон непријателите како критериум на вистината

тајната вечераКако што ќе беше невозможно за човекот да ја измисли верата во Света Троица, доколку не беше откриена од самиот Бог, така и љубовта кон непријателите ќе беше незамислива, доколку на светот не му ја објавеше Христос со Неговата смрт на крстот. Христос, на начин безусловен, конечен и вечен, се молеше и го даде Неговиот живот за Неговите непријатели.[1]Тоа што Господ го направи еднаш засекогаш со силата на Духот Негов, тоа останува совршениот пат, којшто го соединува човекот со Бога.

Учењето и заповедта за љубов кон непријателите, не само што го претставуваат како повозвишен духот на Новиот Завет од оној на Стариот Завет,[2]но, исто така, ја покажуваат единственоста на објавената вистина на Бога, Кој стана човек. Крстната смрт Христова е судбината на љубовта Божја кон Неговите непријатели. Таа љубов, од самиот почеток, ги поставува границите, кои го одделуваат вистинското и вечното од човечките нешта и заблудата.[3]Оваа љубов за непријателите се содржи во заповедта за љубов кон ближните и претставува нејзин највозвишен израз.

Continue reading “Архимандрит Захариј (Захару): Љубовта кон непријателите како критериум на вистината”

Епископ стобиски Давид: Средба во Вистината!

delikari.jpgВаша Еминенцијо господине министер, почитувани професори, возљубен претставнику на Митрополитот солунски, возљубени отци, дами и господа,

ми претставува особена чест што можам да учествувам во промовирањето на оваа значајна книга, со наслов „Охридската Архиепископија во средниот век“ на почитуваната професорка (од Одделот за историја и археологија при Аристотеловиот универзитет во Солун), и автор на книгата, г-ѓа Ангелики Деликари.

Веќе на самиот почеток нагласувам: значајна книга! Следствено, за секој слушател станува логично прашањето: во што се состои нејзината значајност? Во оваа прилика би издвоил само неколку точки:

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Средба во Вистината!”

За автокефалија е потребна сеправославна согласност!

wpИзјава за дневниот весник „Слободен печат“, 01 Јуни 2018 г.:

Епископот стобиски г. Давид вели дека решението на проблемот на МПЦ-ОА не треба да се бара со создавање неред во црквата, туку со хармонија.

– Редот е МПЦ-ОА прво да се врати во единството, па потоа да работи на својот натамошен статус. Пребивајќи вон подрачјето на црквата, МПЦ-ОА нема да добие ништо со ваквите поединечни барања. Јавноста треба да знае дека во православието е прифатено дека автокефалија не може да доделува ниту една црква поединечно, туку за тоа е потребна сеправославна согласност и потписите на сите патријарси. Оттука, ниту СПЦ не може поединечно да ѝ даде автокефалија на МПЦ-ОА. Нашата рака, да ѝ помогнеме на МПЦ-ОА, останува испружена – вели г. Давид.

Тој вели дека нередот во кој пребива МПЦ-ОА останува лоша парадигма.

– Ние отсекогаш сме биле и ќе бидеме отворени за дијалог од кој ќе произлезе решението за МПЦ. Постои само еден предуслов, а тоа е да завршат судските прогони против ПОА, кои сѐ уште траат. Не е возможно да се разговара под постојана судска закана. И конечно треба да стане недвозмислено јасно дека патот на МПЦ-ОА, ако сака да биде примена во единството на црквата, не води преку ниту една друга црковна катедра, освен преку ПОА – вели г. Давид.

Епископ стобиски Давид: Книгата или трејлерот, прашање е сега?

2018 Апр 26Го предупредил ли некој премиерот дека се изложува себе си на опасност! Имено, Конфуциј вели: „да мислиш, без да читаш, е опасно. Да читаш, без да мислиш, е бесполезно“! Денес постојат мислечки луѓе, кои, не обопштувајќи, ценат дека живееме во предвидлив свет, свет без изненадувања. Лесно е предвидливо – сѐ помалку ќе се чита! Годинешнава збирка „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт, покрај дневнополитичкиот размер, предупреди и на сеопшта опасност, со алармот во вид на совет од висока државна позиција, кој гласи – не е неопходно да се чита! Во една прилика, премиерот, тогаш како градоначалник, дури демонстративно ми ја врати книгата, која како божикен подарок, му ја бев испратил во општината! Воопшто не носам суд за неговиот морален лик! Само, поборник сум на читањето. Во напредните средини, подарена книга не се враќа! Но, кај нас, луѓето, кои не читаат, настапуваат со убеденост дека се за сѐ во право. Токму таа убеденост ги затвора за изненадувањето и од него произлегувачкиот восхит.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Книгата или трејлерот, прашање е сега?”

Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!

2018 Апр 19Во одредени академски кругови на Европа, особено оние на социјалната теологија со германски бекграунд, веќе циркулираат неколку докторати, кои критички се осврнуваат на сѐ што се случуваше во минативе петнаесетина години, во однос на државниот прогон врз верските слободи на дел од граѓаните на нашава, сѐ уште, делумно слободна држава. Заради историското паметење, некои поглавија со хируршка прецизност ја обработуваат улогата на домашните печатени медиуми при отфрлањето на познатата Нишка спогодба од 2002 година. Пред да стане збор за улогата на весниците во третирањето на теолошките теми, накратко да се потсетиме на Нишката спогодба (2002 г.), во компарација со молбата на МПЦ (2017 г.), Бугарската патријаршија да стане нејзина мајка.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!”

Епископ стобиски Давид: Дупката како референца!

2018 Апр 12Ако се појде кон Преспа преку стариот пат за Велес, што денес го нарекуваат и ни го наплаќаат како автопат, после исклучувањето кај Градско, брутализмот станува полесно видлив. На друмот се нанижани дупки и нерамнини, како зјапнати закани кон човекот, кој сака да се движи напред. Доколку, пак, патникот продолжи кон Гевгелија, или, уште полошо, ако оттаму се враќа, шансите да биде голтнат, двојно повеќе се зголемуваат. Тотални акциденти демнат буквално насекаде! Оставам ли празен простор, секој читател би можел да ја допише дупката, која живот чини! Но, реченово е доволно индикативно.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Дупката како референца!”

Епископ стобиски Давид: Работилница на победи!

2018 Апр 05Низ сета комплексност на човековото битие, познато е дека се профилираат и следниве два типови луѓе: пчели и муви. Ако на ѓубриштето изникнал цвет, тогаш пчелата го пронаоѓа и црпи само од цветот, без да обрнува внимание на сметот. Сосема спротивно, човекот мува, на ливадата со распослано цвеќе, го бара и се лепи само за изметот. Со овие индикативни зборови на современиот старец, преподобниот Пајсиј Светогорец, несомнено се илустрира еден од постоечките начини на восприемање и интерпретирање на севкупната човекова егзистенција. На пример, непобитен факт е дека се случува да врне дожд. Но, толкувањето на дождот е различно. Еден човек се помрачува затоа што дождот му ја уништува фризурата. Друг човек, пак, на истиот дожд, го издигнува лицето кон небото и со восхит ја прима секоја капка, која, како музика му одѕвонува по образите.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Работилница на победи!”

Епископ стобиски Давид: Унијатството како аномалија!

2018 Мар 29Редовите, кои следуваат, се однесуваат на една, непопуларна, но не и небитна тема. Причината, поради која се нафатив да ја срочам содржинава, е разбивањето на целосната неинформираност на нашето општество за аспектот, кој следува. Без разлика на предочената непопуларност, полезно е, општеството, од елементарна култура, да стекне основни познанија за одредени сегменти, кои се однесуваат на неговото секојдневие.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Унијатството како аномалија!”

Епископ стобиски Давид: Анонимните против именитите!

2018 Мар 22.jpgСлободата на изразот, без сомнеж, е еден од критериумите, според кои се цени човештината на едно општество. За разлика од времето пред интернетот, особено пред социјалните мрежи, денес, неспорно, секој е слободен да биде извор на информирање и јавен дијалог. Но, бездруго, токму тука демне и опасноста за злоупотреба на слободата, за инфицирање со вирусот на нечовештината. Посоченава стварност, уште еднаш го потврдува многуповторуваниот факт, дека вистинската слобода секогаш и истовремено подразбира одговорност, а слободата без одговорност претставува насилство врз другиот!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Анонимните против именитите!”

Епископ стобиски Давид: МАНУ како ветроказ на општеството!

2018 Мар 15Се разбира, постојат исклучоци, но начелно, не сум се осврнувал на дневнополитичките настани, сами по себе. Пристапот, кој се трудам да го негувам, и, само заради сопствено ориентирање го именувам со синтагмата критичка гносеологија, секако нуди поглед и на ежедневното. Зошто го велам реченово? Периодов, не ретко, и со право се зборува за нестварно големите патни трошоци на пратениците, за шундот од српски турбо фолк и сличните мизерии, кои го чинат нашето денешно општествено милје. Граѓаните се загрижени за расчистување со македонскиот примитивизам и самодоволност. Но, мизеријата има подлабок корен. Смрдежот доаѓа од главата, согласно на пословицата, и тој повеќе не може да се сокрие. Насекаде мириса непријатно. За што точно станува збор?

Continue reading “Епископ стобиски Давид: МАНУ како ветроказ на општеството!”

Епископ стобиски Давид: Недозреаност на власта за верските слободи!

2018 Мар 08За еден, сѐ уште нерешен, но не и нерешлив проблем, ќе зборувам отворено и, бездруго, добронамерно, бидејќи јавноста има право детално да знае на кој начин власта го оцрнува образот на нашето општество во очите на напредните демократии. На сите ни е познат слоганот со кој владеачката партија ги доби изборите: „живот за сите“! Актуелниов претседател на владата, во мај 2017 г., најавувајќи ги внатрешните реформски процеси, настапи со зборовите дека ќе составува, а нема да крши, дека земјата е зрела за водење нов начин на политика и ќе биде држава на сите граѓани, завршувајќи со клучната реченица: подавам рака кон секого.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Недозреаност на власта за верските слободи!”

Плусинфо архива

arhivaИнформативниот портал Плусинфо има нов изглед: plusinfo.mk

Текстовите, објавени на порталот до 27 Февруари 2018 г., се префрлени на страницата: arhiva.plusinfo.mk

Подолу, пак, е архивата на линкови со моите колумни (од Септември 2016 г, до посочениот датум на крајот од Февруари 2018 г.), кои се објавени на порталот Плусинфо, со неговиот стар изглед: Continue reading “Плусинфо архива”

Епископ стобиски Давид: Добро утро, делумно слободни граѓани!

2018 Мар 01Во нашето општество, при пречкањата на разни рамништа, честопати, на адресата на соговорниците се прицврстуваат токму следниве етикети: вие сте фашисти, или, вие сте комунисти. Без задлабочено согледување на значењето на овие изрази, постои опасноста тие да се покажат само како излитени фрази, со кои соговорникот ќе ја запечати сопствената површност при поимањето на политичката философија. Во продолжение ќе бидат поставени неколку сцени, кои од различни агли ќе се осврнат на предоченото.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Добро утро, делумно слободни граѓани!”

Епископ стобиски Давид: Бојата е иста, во прашање се нијанси!

2018 Фев 22На префинетиот рачен вез на домашната културна сцена, од неодамна се наоѓа уште едно неодминливо монистро од книжевно богатство. Пофалба е и за нашиот нормативен јазик! „Книга на записите“ (Макавеј, Скопје, 2016), е првото дело од областа на политичката философија во древната Кина. Накусо речено, ова дело, преку историската парадигма на првите три кинески династии, дава согледба на политичкото дејствување на човекот во светот. „Книга на записите“ е составен дел на класичниот конфуцијански книжевен канон и претставува компилација на историско-политички текстови, кои датираат од периодот помеѓу 11 и 7 век, пред Христа. Вдахновениот превод на книгата од древнокинески на македонски јазик, предговорот, белешките, прилозите и хронолошките табели ги има направено пекингшкиот докторанд Игор Радев, кој, патем речено, од древнокинески има преведено збир на битни наслови, без кои е невозможно да се замисли една современа култура. Реченово сведочи дека имаме соодветен кадар од областа на кинеската филологија и синологија (Радев и неколкумина други), но, за жал, сѐ уште немаме одговор зошто до ден-денешен ниту една високообразовна институција кај нас нема катедра по кинески студии (јазик, култура, историја)! Предоченово ќе остане тема за посебен осврт!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Бојата е иста, во прашање се нијанси!”

Епископ стобиски Давид: Фалбаџиство со незнаењето!

2018 Фев 15Бездруго, при ниту една околност не би го апсолутизирал мојот впечаток! Но, за да не ја доживее полнотата оној пророчки стих, кој и нас нѐ опишува како земја на паралелни монолози, ќе се обидам, и тука, да се впуштам во дијалог. За каков разговор станува збор? Го изложувам едноставното искуство: сѐ почесто се среќавам со многу умни луѓе, и, без да прашувам, без да се интересирам, низ нашите беседи, соговорниците се ползуваат со исказот (со помодарски призвук), та повремено, секој од нив, ќе рече: јас сум агностик! Признавам, таквото изјаснување честопати ми создава недоумица, бидејќи определбата: агностик, не можам да ја поврзам со богатството од знаења на луѓето со кои зборувам. Зар, денес, незнаењето го собира и му дава сила на овој народ! Затоа ли малку нешта успеваат! Од кога незнаењето се смета за доблест!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Фалбаџиство со незнаењето!”