11 Митрополити на Црквата во Бугарија биле агенти на комунистичкиот режим

На 17 Јануари 2012 год., средствата за информирање во Р. Бугарија објавија дека 11 од вкупно 15 Митрополити на Бугарската Православна Црква биле агенти на Државната безбедност.

Комисијата за досиејата, којашто е надлежна за спроведувањето на лустрацијата во бугарското општество, официјално соопшти дека 11 Митрополити работеле како агенти на Шестата управа, одговорна за “борбата со политичката диверзија”.

Во продолжение пренесуваме цитат од вестите на Бугарската национална телевизија: “Видинският митрополит Дометиан е агент от към 6-то управление на ДС от 1972 година с псевдоним Добрев. Принадлежността му е установена въз основа на собственоръчно написани агентурни сведения.”

Екатерина Бончева, член на Комисијата за досиејата,  на 18 Јануари 2012 год., за емисијата “Тази сутрин” изјави дека: “…Митрополитите биле соработници на специјалните служби на комунистичкиот режим во Бугарија, дека соработката била на доброволна основа и дека некои од Митрополитите биле симпатизери на комунистичката власт, имале марксистичко ленинистички убедувања, и дека соработувале со Македонската црква…”.

Митрополитот видински Дометијан, алијас Добрев, на 11 Декември 2011 год., беше одликуван со орден од расколничката МПЦ заради “позитивните ставови кон МПЦ”.

Хронографот бележи дека историјата не памети канонски Епископ да подржува раскол, освен, како во случајов, доколку тоа го прави од позиција на полициски агент и кодош, заради колегијална солидарност.

Ордените се доказ дека соработката помеѓу службите продолжува.