1700 години Милански Едикт! Секој ден – нова прослава на Христа!

sobor13

Беше светиот Константин, во неговиот Едикт, којшто денес го прославуваме, „помодерен“ и поблагороден отколку мнозина властодршци кои следеа после него, или кои владеат денес, кога се загрозени милиони Христијани низ светот.

Знаеше светиот цар и гледаше дека не помага присилата да се верува или да не се верува, само затоа што тоа некој го наредил.

Знаеше и дека ниту едно општество нема да преживее доколку не му го дозволи на секој свој граѓанин основното – верата, искреноста, слободата!

Прославата на исполнувањето на седумнаесет векови од денот кога вистината на христијанската вера заблеска како сонце, нека ни биде на сите нам повод да ја сфатиме големината на настанот што го славиме!

Секој наш ден нека биде ново прославување на Христа Господа, а во Него и на овој настан! Да бидеме соработници Христови во делото на спасението на светот! Да бидеме, макар и малку, сведоци на љубовта Христова и на единството во Христа, нашиот Господ, и во сепобедувачката сила на живототворниот Крст Негов!

– – –

Дел од посланицата: 1700 години Милански Едикт, на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, во којшто учествуваат и Архиереите на автономната Православна Охридска Архиепископија.