Feast of the saint Apostle Thomas in Johannesburg / Празникот на светиот Апостол Тома во Јоханесбург

jhb

His Grace Bishop David of Stobi and locum tenens of Strumica visited Johanessburg on the occasion of the church feast and 35th anniversary of the jubilee of the church of Saint Thomas the Apostle, which dean is archimandrite Pantalejmon.

On 16 October, His Eminence Metropolitan Damascinos of Johanessburg and Pretoria from the Patriarchate of Alexandria received His Grace Bishop David of Stobi and in his honor the doxology was served. Bishop David conveyed the greetings of His Holiness Serbian Patriarch Irinej and informed Metropolitan with the sufferings that His Beatitude Archbishop of Ohrid and Metropolitan of Skopje Jovan endures.

On the occasion of Saint Thomas the Apostle the evening service, that was served by many priests, was attended by lots of believers from Johannesburg.

The feast day of Saint Thomas the Apostle was celebrated solemnly. Bishop David of Stobi officiated the Holy Hierarchal Liturgy with the concelebration of Metropolitan Damascinos of Johannesburg and Pretoria. Many priests from parishes of Johannesburg and Pretoria concelebrated at the Liturgy. Both hierarchs held sermons. Metropolitan Damascinos talked about unjust imprisonment of Archbishop Jovan of Ohrid. He also on behalf of the Patriarchate of Alexandria and All Africa expressed joy since the arrival of Bishop David in Johannesburg and Liturgical service, as a visual sign of unity and conciliarity of our Church.

After the Liturgy, the serbian parish organized festive dinner, which was attended by His Royal Highness Crown Zolani Mkiva.

Bishop David, Archimandrite Panteleimon and deacon Marko, besides many other activities, visited “St. Athanasius” Christian School in Tembisa, as and orphanage “St. Sava” in Atteridgeville, giving to the children appropriate gifts.

saПо повод славата и 35-годишниот јубилеј на храмот „Свети Апостол Тома“, чиј старешина е Високопреподобниот Архимандрит Пантелејмон, во посета на Јоханесбург, во Јужноафриканската Република, пристигна Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид со неговата придружба.

На 16 Октомври, Епископот Давид беше примен од Митрополитот на Јоханесбург и Преторија г. Дамаскин од Александриската Патријаршија, а во негова чест беше отслужена доксологија. Епископот Давид на Митрополитот Дамаскин му ги пренесе поздравите од Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј и го запозна со страдањата коишто Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован ги поднесува заради соборноста на нашата Црква.

По повод празникот на светиот Апостол Тома, беше отслужена вечерна богослужба во сослужение на повеќе свештенослужители. На богослужбата беа присутни мноштво православни христијани од Јоханесбург.

Празникот на светиот Апостол Тома беше прославен торжествено и со црковно благолепие! На светата Архиерејска Литургија началствуваше Епископот стобиски г. Давид, во сослужение на Митрополитот на Јоханесбург и Преторија г. Дамаскин. На соборната Литургија сослужуваа повеќемина свештеници од различни парохии на Јоханесбург и Преторија, во молитвено присуство на православни христијани од различни нации и раси. На Литургијата беседеа и двајцата Архиереји, а Митрополитот Дамаскин особено се осврна на неправедното затворање на Архиепископот охридски Јован, уверувајќи ги присутните во неговите молитви за што поскоро ослободување на Архиепископот Јован и прекин на прогонот на Православната Охридска Архиепископија. Тој, во името на Патријаршијата Александриска и на цела Африка ја изрази радоста заради доаѓањето на Епископот Давид во Јоханесбург и заради литургиското сослужување, како видлив знак на единството и соборноста на нашата Црква.

После Литургијата, во српската парохија беше приредена свечена трпеза, на која присуствуваше и неговото кралско височество, престолонаследникот Золани Мкива.

Епископот Давид, Архимандритот Пантелејмон и ѓаконот Марко, покрај мноштвото останати активности, го посетија и христијанското училиште „Свети Атанасиј“ во Тембиса, како и сиропиталиштето „Свети Сава“ во Атриџвил, кадешто на децата им поделија пригодни дарови.