Африка

 

This slideshow requires JavaScript.

Без сомнеж, Јужна Африка е блескава скапоценост на африканската круна, првенствено со единството во различноста на мноштвото народи и јазици, со нивното широко културно влијание и со прекрасните, насмеани лица. Очи, коишто не негодуваат, туку бликаат од радост дури и во најтешките моменти.

Нејзините народи биле соочени со огромни предизвици, но секогаш се издигнувале со бестрашен дух!

Јужна Африка е земја со восхитувачко наследство и ветувачка иднина.

Земја со раскош од пејсажи, со безгранични хоризонти и со изненадувачка разновидност на флора и фауна.

Нејзиниот блесок е храбар и одлучна е да успева. Како што вели нивната поговорка: колку и да трае ноќта, зората ќе ја скрши!

Таа е икона на слободата за целиот свет!

(стобиски Давид, белешка, 21.10.2013 г., Јоханесбург)