Кавафис: Стихови

SИДОВИ

Без претпазливост, без жал, без срам

огромни и високи околу мене изградија ѕидови.

 

И седам и се обезнадежувам сега тука.

Друго не мислам: умот ми го јаде оваа судба,

 

оти многу нешта надвор да правам имав.

А кога ги изградија ѕидовите, како да не забележам!

 

Но, никогаш не чув ниту шум од градителите или глас.

Неосетно ме заклучија од светот надвор.

 

КОЛКУ ШТО МОЖЕШ

И доколку не можеш да го направиш животот свој како што сакаш,

тогаш обиди се барем

колку што можеш: не го понижувај

со многу дружба со светот,

со мноштво излегувања и разговори.

 

Не го понижувај носејќи го

на чести обиколки и изложувања

во односите и средбите

на секојдневното безумие,

за да не постане како еден туѓ товар.

 

превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

од: Κ. Π. Καβάφης, Τα Ποιήματα (1897-1933), Θεσσαλονίκη, 2008.