Кавафис: Гласови

Web

Совршени и љубени гласови

на оние кои умреа или оние кои за нас

се изгубени како умрените.

 

Понекогаш во нашите соништа зборуваат,

Понекогаш во мислите ги слуша умот.

 

И со нивниот глас за миг се враќаат

гласови од првата поезија на нашиот живот –

како музика далечна, што се гаси во ноќта.

– – –

превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

од: Κ. Π. Καβάφης, Τα Ποιήματα (1897-1933), Θεσσαλονίκη, 2008.

http://www.kavafis.gr/poems/content.asp?id=2&cat=1

Во песната „Гласови“ карактеристична е носталгијата за возљубените личности. Кавафис одбира да зборува за гласовите, бидејќи не ретко, токму гласот е носител на скапоцените мисли, на мислите, коишто за поетот имаат особено значење. Тој, тука, ги поврзува гласовите и сеќавањата на блиските луѓе со музика.