Кавафис: Добро и Лошо Време

kavafis

Не ми пречи ако распростре

надвор зимата магли, облаци и студ.

Во мене бива пролет, радост вистинска.

Насмевката е зрак, позлатен сиот,

и како љубовта друга градина нема;

топлината на песната сиот снег го топи.

 

Каква полза кога пролетта

надвор расне цветови и сее зеленило!

Имам зима во себе кога срцето боли.

Воздишката и најсветлото сонце го покрива;

кога имаш тага, Мај со Декември си личи,

и постудени се солзите од снегот ладен.

– – –

превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

од: Κ. Π. Καβάφης, Τα Ποιήματα, Τα Κρυμμένα / Τα Αποκηρυγμένα, Εκδόσεις Index B