Велики Петок: на светите Христови страдања.

распетие

На Велики Петок, Кајафа Го испраќа Христос, заврзан, кај тогашниот управител на Јудеа, Понтиј Пилат. Овој, откако Го сослуша и откако двапати исповеда дека Христос не е виновен, сепак, за да им угоди на Јудејците, Го осуди Христа на смрт; и откако Го камшикуваше Владиката на сите, како да е некој побегнат роб, Го предаде да биде распнат.

Значи, Христос им беше предаден на војниците, Му ја соблекоа неговата и Му облекоа пурпурна облека, Му ставија венец од трње на главата, Му дадоа трска како жезол, Му се поклонуваа со потсмев, Го плукаа и Го удираа по лицето и главата. Потоа, Му ги вратија неговите облеки, Му Го дадоа Крстот да го носи до Голгота и во третиот час Го распнаа таму, помеѓу двајца разбојници. Разбојниците Го хулеа, а војниците Му даваа да пие оцет измешан со жолчка.

Тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружи рацете кон забранетото дрво, го допре и умре. Бидејќи, требаше, во оној час кога бидна падот, во истиот час да се збидне и пресоздавањето.

Околу деветиот час, откако со висок глас извика: се заврши, издивна Агнецот Божји, Којшто Го зеде гревот на светот, во часот кога согласно на законот беше колено пасхалното јагне, коешто беше праобраз Христов.

На зајдисонце дојде Јосиф од Ариматеја и Никодим со него, двајцата тајни ученици Христови, Го симнаа од Крсот Неговото пресвето Тело, Го помазаа со мириси и го обвија во чиста плаштаница; и, откако Го положија во нов гроб, го запечатија гробот со голем камен.

превод: ст. Д., од: Ορθόδοξος Συναξαριστής