Михалис Ганас: Црн кипарис!

homesickness

Си беше еднаш човек еден,

многу тивок и обезоружен.

Имаше куќи и ливади,

и стада, и пси,

и мрежа една со која ловеше птици.

Имаше студен извор во неговата градина,

црн кипарис во сонот негов.

Една жена љубеше,

која често пееше

и секогаш тивко говореше.

 

Не појми како ја погуби,

и сотре сѐ што љубеше,

ливадите, стадата,

песните, бакнежите,

и никој ни збор не проговори.

Застана пред урнатините,

и започна, Боже мој, да скрби:

да имав куќа и жена,

стада и пси;

и потоа птиците го однесоа.

– – –

превод грчки јазик: ст. Д.

од (audio): Ελευθερία Αρβανιτάκη – Μαύρο Κυπαρίσσι