Манолис Анагностакис: Одлука

одлука

Дали сте за или против?

Барем одговорете со едно да или со едно не.

Имате размислувано за проблемот

верувам дека сигурно ве измачуваше.

Во животот сѐ измачува,

децата, жените, инсектите,

штетните билки, изгубените часови,

тешките страсти, расипаните заби,

осредните филмови. Секако и тоа ве измачуваше.

Значи, зборувајте одговорно. Барем со да или не.

Вам ви припаѓа одлуката.

Веќе не бараме да сопрете

со вашите интереси, да го прекинете животот,

вашите омилени весници, разговорите во

берберницата, вашите недели на стадионите.

Само еден збор. Напред, значи!

Дали сте за или против?

Размислете добро. Ќе чекам.

–  –  –

превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

од:

Μανόλης Ἀναγνωστάκης – Ἡ ἀπόφαση