Старец Ефрем Катунакиски: Човекот си е најголемиот непријател на себе си!

st.EfremЧовекот, додека живее, потребно е секогаш да прави подвиг! И, првиот подвиг се состои во тоа: да се победи себе си! Првиот и главен непријател на човекот не е ѓаволот, не!

Тоа е самиот човек, којшто на себеси, си мисли лошо. И, токму поради тоа што не го слуша другиот, туку слуша што му вели неговата помисла.

Иако имаме толку свети Отци за да ги подражаваме, читајќи ги нивните дела, сепак нашето его многупати нѐ надвладува.

Кога човекот ќе се победи себеси, тој е најголемиот великомаченик, трофејоносец и победоносец пред Бога!

превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

од изворникот:

Γέροντας Εφραίμ Κατουνακιώτης

Έκδοση Ι. Ησυχαστηρίου «Άγιος Εφραίμ»

Κατουνάκια, Αγίου Όρους, 2000