Карневалот – рана на нашата епоха!

Оние, коишто декларативно се нарекуваат Православни Христијани, нека научат дека: од Црковен аспект, карневалот не е Христијански, туку идолопоклонички, пагански обичај, во кој човекот очигледно го губи идентитетот и потонува во бесловесност.

Точно е дека не мал дел од луѓето биваат приклештени во замката на карневалот! Расфрлаат големи средства за непрекинато и организирано да го трошат идентитетот до крајна изветвеност; а, притоа, забораваат на пр., дека постојат луѓе, деца, коишто страдаат од глад…! Следствено, се чини под маските исчезнува човештината, а се наоѓа хипокризијата!

Се разбира, оние со автентичен, Православен стил на живот, секогаш до крај ќе ја почитуваат слободата на секој човек, самиот да одбере дали ќе учествува во карневалот или во Соборноста на Црквата!

Но, едноставно, невозможно е за човекот да биде и маска, и личност, истовремено!

– – –

Наслов од полза: Митрополит Јован Зизијулас: Од маске до личности!