Митрополитот Калистос (Ware) за Светиот и Велик Собор

Калистос

Митрополитот Калистос (Ware), за Ancient Faith Radio, отворено зборува за претстојниот Свет и Велик Сеправославен Собор, којшто ќе се одржи на Крит, Р. Грција, од 16 до 27 Јуни, оваа година.

После неколкуте долунаведени извадоци од неговите одговори, во продолжение можете да го слушнете или прочитате целиот разговор.

–  Во духовна смисла, опасно е постојано нешто да се зборува, а никогаш ништо да не се направи во врска со тоа!

–  Се соочуваме со многу тешкото прашање на разликите во мислењата помеѓу Константинополската Патријаршија и Московската Патријаршија. Слушаме за тензиите помеѓу Константинопол и Москва. Во голем дел од тоа што се зборува – се претерува! Да не заборавиме дека Константинополскиот Патријарх и Московскиот Патријарх се во литургиска заедница и верата им е заедничка. Нештата треба да ги согледуваме во нивната вистинска димензија.

–  Константинополскиот Патријарх има посебна служба на бдеење над единството на Православието. Мислам дека таа служба е многу важна и треба да продолжи, но исто така го ценам и фактот дека Православната Црква е семејство од Цркви и дефинирана е со заедничарење во единството, без било каков центар на тоа единство. Вселенскиот Патријарх нема овластување неповикан да интервенира во внатрешните прашања на другите Православни Цркви. Со ова тој многу се разликува од Папата.

–  Јас се молам Светиот и Велик Собор да се одржи на Педесетница и, можеби, ќе биде првиот во низата такви Собори. Не треба да се очекува дека за сѐ ќе се одлучи во текот на десетте денови, но може да се подготвиме за друг Сеправославен Собор за две или три години. Процесот на Соборно советување – тоа би претставувало голема полза за Православната Црква. Јас се молам Светиот и Велик Собор да придонесе на обновување на верата помеѓу Православните.

–  Постои поврзаност помеѓу Соборите и Евхаристијата – сите Вселенски Собори почнувале и завршувале со света Литургија, во која сослужувале сите Епископи. Често, кога би доаѓале на Собор, доаѓале и меѓусебно разединети, но заедничкото служење Литургија бивал примарен и врховен Соборски настан. Така, јас се надевам дека Светиот и Велик Собор ќе заврши со вистински сеправославна Евхаристија, која ќе доведе до обнова на верата низ Православниот свет.

Целиот разговор на следниот линк: Metropolitan Kallistos Ware on the Holy and Great Council