Манолис Анагностакис: Поетика

анагностакис

Предадена е повторно Поезијата, ќе ми речеш,

Најсветиот израз на Човекот

Повторно ја користите како средство, како животно за впрегнување

На вашите мрачни прогони

При целосно знаење на штетата што ја предизвикувате

Со вашиот пример за помладите.

Што ли сѐ не предаде да ми кажеш ти,

Ти и сличните на тебе, години и години,

Еден по еден вашите имоти распродавајќи ги

На меѓународните плоштади и народните пазари

И останавте без очи за да гледате, без уши

Да слушате, со запечатени усти и не зборувате.

За кои свети човечки нешта нѐ обвинувате?

Знам: повторно проповеди и говорништва, ќе речеш.

Е, па, на! Проповеди и говорништва.

Како клинови треба да се заковуваат зборовите

За да не ги однесе ветрот.

– – –

Превод од грчки јазик: Епископ стобиски Давид

Μανόλης Ἀναγνωστάκης – Ποιητική

Μανόλης Αναγνωστάκης

«Όμως γιατί ξαναγυρίζουμε κάθε φορά χωρίς σκοπό στον ίδιο τόπο»

ΕΡΜΗΣ, Αθήνα, 2006