Соборноста – надминување на времето и трулежноста!

Собор

Со сила се ползуваат оние, коишто немаат говор, коишто немаат слово, оние коишто не го поднесуваат разговорот, дијалогот. Власта, пак, на Црквата не е, и не би требало да биде световна, туку духовна. Црквата ја има, значи власта на Словото, на Логосот, на Христа. Христос владее, не со моќта на насилството, туку со моќта на служењето, на жртвата, на љубовта, со силата на зборот. И, Црквата го продолжува овој облик на владеењето Христово. Нејзиното оружје е словото, зборот. Како што гледаме, со тоа оружје Црквата се чува низ вековите од волците на идеолошкото Христијанство; и, се сочувува.

Единството треба да се живее! Некој светител го видел Христа со искината облека, со искинат хитон и го прашал: кој ти го направи тоа? Христос му одговорил: еретиците и расколниците! Верата не е некакво хоби во нашиот живот, туку неопходно е да се живее согласно на тоа во што се верува. Претпоставете си колку е страшно и симптоматично, слушајќи ја Христовата молитва за единство и празнувајќи Собори кои го чувале единството, некој да вели дека верува во Соборната Црква, а на дело да не е дел од соборноста.

Разноликоста не го попречува единството бидејќи се основа на љубовта, а тоа на единството му дава длабочина и красота.

Човек на човека му е волк, тоа е мотото на современиот егзистенцијализам, а на тоа мото православниот стил на живот одговара со прекрасната изрека на отците на Црквата: homo homini deus, односно: човек на човека му е бог, се мисли бог по благодат, се мисли не на минимализам во животот, туку на максимализмот на обожението, а обожението е смислата на животот човеков.

Кога го прашале Сократ да им даде дефиниција за образован човек, тој не им кажал ништо што се однесува на збир од стекнати знаења. Образованието е тема на однесување. Сократ ги сметаше за образовани луѓе оние, коишто ги контролираат непријатните околности, наместо да бидат контролирани од нив, оние што се соочуваат со непријатни настани на добар начин и оние, коишто не биваат победени од несреќите и од сопствените неуспеси!

Извадок од обраќањето: Соборноста – надминување на времето и трулежноста!

Од:

логиум мала