Празникот е продор на возвишеното во секојдневниот живот!

%d0%b2%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%86%d0%b0

Празникот претставува продирање на нешто возвишено и светло во нашиот секојдневен живот, празникот укажува на она што е таинствено во овој свет, а коешто ние луѓето го забораваме, прекривајќи го со сивилото на секојдневието.

Многу умно еден од современите теолози истакнува дека денешниот свет постанал здодевен и безпразничен, така што ниту вештачките, бирократски, општествени празници не успеваат да го спасат човекот од пепелта на жалоста и разочараноста.

Во Црквата празникот секогаш бил копнеж по изгубената убавина без којашто не може да се живее, копнеж по можност за поинаков живот.

Денес Мајката Божја влегува во старозаветниот храм на подвиг преку којшто ќе се подготвува Самата да биде Жив Храм Господов, бидејќи во неа ќе се всели Господ.

Затоа, според зборовите на светиот Григориј Палама денес и ние да го пренасочиме нашиот копнеж од привременото кон постојаното, да ги презреме телесните насладувања, коишто се замка за душата и брзо минуваат, и да ги посакаме благодатните духовни дарови, бидејќи се непропадливи.

Смислата на денешниот празник е сосема едноставна: од моментот на Воведението на Пречистата – човекот постанува храм. Не се повеќе камењата, ѕидовите и олтарите божествено средиште, но според зборовите на Апостолот човекот е храм на Светиот Дух, а срцето негово – олтарот.

Извадок од обраќањето на Воведение на Пресвета Богородица во храмот, од:

логиум мала