Фактор 24 на 24 Вести ТВ: Разговор со Епископот стобиски Давид

„Бодријар вели дека епохата во којашто живееме е постполитичка и постисториска. Тоа значи дека за човекот се отворени сите хоризонти. Постисторичноста, помеѓу сите други работи, подразбира и целосно отсуство на тоталитаризмот. Значи, човекот може слободно и отворено да размислува за сите прашања.

Мене, искрено, ме интересираат многу теми: образованието, фотографијата, теологијата,, граѓанскиот активизам… Но, можеби ќе се сложите дека живееме во време во коешто се чини дека преовладува јазикот на политичката философија или философијата на политиката; а, тоа сметам дека го става изразот на човекот во еден калап. Некако, сите зборуваат на јазикот, којшто се зборува во Собранието; добро би било да го вклучат и јазикот на философите, на филолозите…

Живееме во едно време, во коешто ни се случува рестрикција на познанието. Оттука, позитивно нешто е да се постави тој гносеолошки проблем, кој значи будење, отварање на затворените спознанјни органи кај човекот. Тоа што мене ме интересира, познато ви е, е именувано како – критичката гносеологија, која, за мене, лично, е еден од најпрефинетите плодови, што може да ги даде едно општество“.