Flickr: Д.Н. камера

Како што е возможно сликарот да игра со боите, или, писателот со зборовите, така, извесно е дека оној што фотографира, може да се игра со светлината, и играјќи, истата да ја запишува!

Истовремено, познато е дека записот на светлината станува уште повозбудлив настан доколку нештата, кои се предмет на фотографирање, биваат погледнати од инаков агол, доколку композицијата на светлописот понуди една поинаква, нова согледба, ново искуство!

Бидејќи имам друга, за мене суштински битна животна определба, следствено, никогаш не сум работел професионална фотографија! Но, доколку забележам впечатлива светлина, не секогаш, туку понекогаш, не го игнорирам предизвикот, истата аматерски да ја запишам со камерата на телефонот, сеќавајќи се на зборовите на еден фотограф со мобилни телефони, кој вели: „најдобриот фотоапарат е оној, што секогаш се наоѓа во твојот џеп!“

Помеѓу сѐ останато, пак, привлечноста на аматерската фотографија, се состои и во едноставноста при откривањето и совладувањето на нејзините можности.

Покрај поголемиот дел од застапените фотографии (кои се авторски дела на професионални фотографи,­­­ што ги бележат настаните од животот на Црквата), на следнава страница на Flickr, помеѓу албумите се наоѓа и една отворена папка, со наслов: Д.Н. камера, во која повремено се поставуваат аматерски фотографии, кои ги запишувам со камерата на телефонот:

Flickr Photos David Ninov