Епископ стобиски Давид: Републиката!

2017 Сеп 25

Како лично запознавање со копнежливиот спомен за иднината, како средба, очи в очи, со метафорите за ветената земја, како прогласување република на културата, како планинскиот врв, кој на човека му ја предочува возвишеноста на живеачката, како „брат брата не рани, тешко му кој го нема“, како зашеќерено јаболко за децата, како летање змеј од хартија, покрај Радика! Така помина запознавањето со Бранимир Пофук, човекот, кој ги растегнува границите така како што се шири рачно сучената кора за баклава, за во нивниот простор да поведе расправа, која ќе нуди познание на нештата.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Републиката!”

Епископ стобиски Давид: Јубилејот!

2017 Окт 19

На дел од домашната јавност ѝ е познато дека оваа 2017 г., МПЦ прославува 50 години од самопрогласувањето на автокефалијата и дека на почетокот од овој месец се одржа централната прослава по повод јубилејот. Се разбира, погледнато од уставен аспект, од гледна точка на почитување на верските слободи, никој, ниту може, ниту смее да го оспорува правото на празнување на спомнатиот јубилеј. Од друга страна, пак, сосема е возможно да се води расправа за идејата. Белким, поминато е времето кога за идеите, односно за добронамерниот полемички дискурс во однос на „автокефалијата“ на МПЦ се одеше во затвор, иако, за жал, судовите, подметнувањата и притисоците сѐ уште траат!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Јубилејот!”

Епископ стобиски Давид: Одрамувањето!

2017 Окт 12

Секогаш постои начин, човекот да си го одбере и да го направи најлошото! Да вметне во рикверц и да се повика на славното минато, особено кога сегашноста му е бедна, а иднината неизвесна. Во обид да ја избегне оваа опасност, нашата политичка сцена, низ пострежимскиов период се ориентира кон афирмацијата на демократските вредности. Но, истовремено, земјата сѐ уште бива врамена во гобленските рамки на општата несигурност.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Одрамувањето!”

Епископ стобиски Давид: Скокачот!

2017 Окт 05

Се добива впечаток дека не го помниме сопственото минато, а извесно е дека тие, кои не се сеќаваат на тоа низ што поминале, осудени се повторно да го живеат истото. Затоа, редовите кои следуваат претставуваат скромен обид, преку конкретен пример, кој може да има преносно значење за многу нешта, да се дојде до сознанието дека е битно што ни се случува сега низ животот, но истовремено, важно е што и на кој начин паметиме.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Скокачот!”