Епископ стобиски Давид: Нема црква без единство со другите цркви!

2017 Дек 28Искуството покажало дека, кога се црпи вода од живописниот планински извор, сосема е возможно, во лончето, покрај бистрата вода, да влезе и жаба. Сега, во затишјето, пред веројатните идни дебати, творечки е да се согледа што е постигнато на полето на религискиот плурализам, и што допрва треба да се стори. И, да! Бездруго, да се лоцира жабата!

Собитија поврзани со МПЦ, се покажаа повеќе од добредојдени за домашната јавност, а така ќе биде и во иднина. Зошто? Полека и срамежливо, случувањата почнуваат да ги изоструваат критериумите на општеството при расудувањето – што е, а што не е црква! Следствено, дали МПЦ е црква, или, не? Од јуридички аспект е црква, бидејќи е запишана како таква во судскиот регистар на верски заедници. Истовремено, општопознато е дека МПЦ бара да стане дел од православната црква, факт, кој, сам по себе, сведочи дека од теолошки аспект МПЦ, сѐ уште, во суштина, не е православна црква. Доколку, пак, МПЦ ја подразбира автокефалноста како саможивничка самостојност, тогаш таа е најавтокефална од сите! Затоа, зачудува зошто МПЦ бара автокефалност, кога тоа значи проникнување со другите, бидејќи признатата автокефалност подразбира меѓузависност на православните цркви. Позната е максимата дека заедништвото не е институционален, туку егзистенцијален императив. Реченово го отвора прашањето: како се станува православна црква?

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Нема црква без единство со другите цркви!”

Епископ стобиски Давид: Ъ!

2017 Дек 21Пишувајќи неколку зборови за јужнословенскиот македонски јазик, авторитетот на домашната лингвистичка мисла, К.П. Мисирков, ќе предочи дека јазикот има одделни гласовни знаци или зборови за сите мисли, чувства и сакања на еден човек. Оттука, јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство. Уште ќе нагласи и дека ако еден народ го менува својот јазик под силно туѓо влијание, однесувајќи се без сознание кон таа измена, тогаш тој народ се откажува од самиот себе.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Ъ!”

Епископ стобиски Давид: Коѕиас

2017 Дек 14Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината што штедро се раздава низ таинствените дамари на оваа елинска сопрестолнина. Близината на Света Гора, музеите, изложбите, театрите, промоциите, прават овој убавец на Елада да биде неодминлив украс на духовноста и културата на Европа. Бидејќи сакам да се гледам и како човек, кој се труди да чита, Солун е непрекинлив панаѓур на книгата. Неодамна, шетајќи по тесните солунски сокаци наквасени од ситна роса, се спуштив по скалите во мојата омилена книжарница, во мојот подвижен празник на книгата. Откако се ослободив од коштецот со полиците, гледам снабден сум со разни наслови, и, се оддавам на работа.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Коѕиас”

Епископ стобиски Давид: Државните невистини за св. Климент!

2017 Дек 07Минатата година бев поканет во Р. Грција, да одржам предавање по повод 1100 годишнината од упокоението на св. Климент охридски. И денес, воочи неговиот празник, јадровито ќе се осврнам на тоа што го говорев во Верија, во однос на историските искривувања, поврзани со името на оваа неодминлива личност од нашето минато.

Првото искривување е аматерскиот став на непризнатата МПЦ, дека, како што самите се изразуваат, МПЦ била: обновена светиклиментова Охридска архиепископија и црква! Во учебникот од кој учат богословите на МПЦ, пишува: „св. Климент е основоположник на денешната Македонска православна црква“ (Јован Белчовски, „Историските основи за автокефалноста на МПЦ“, стр. 12, Скопје, 1990). Покрај многуте други, ја наведувам само оваа референца, за јавноста одблизу да се запознае со тенденциозното фалсификување на историјата и конфликтот, кој оттаму произлегува при стручната соработка со онаа јавност кај нас и во светот, која не подлегнува на изопачувањата.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Државните невистини за св. Климент!”

Епископ стобийски Давид: БПЦ отхвърли майчинството, не даде автокефалия!

православиебгМиналата седмица при мен дойде един журналист, с когото се познаваме от неотдавна (но спокойно мога да го нарека приятел) и ме попита дали мога да напиша коментар по повод писмото, което МПЦ изпрати до БПЦ, искайки едностранно признаване на самопровъзгласената автокефалия. Отговорих му, че първо искам да предизвикам размисъл в него и продължих на разбираем за съвременния човек език със следния въпрос: какво би казал за ситуацията, в която нашите власти изпратят писмо до властите на Словакия с апел едностранно да ни признаят за пълноправна държава-членка на Европейския съюз и да се ангажират да „промотират“ това наше „членство“ пред всички други членки на Европейския съюз?

„Бих казал, че тези управляващи са несериозни и безотговорни”, ми отговори той. С това нашият разговор приключи и си казахме “до нови срещи”.

МПЦ дотолкова свали нивото, че това, което е очевидно в политиката, по отношение на църквата се превръща в кукичка, около която се развихря истинска бъркотия.

Continue reading “Епископ стобийски Давид: БПЦ отхвърли майчинството, не даде автокефалия!”

Епископ стобијски Давид: БПЦ је одбила мајчинство и није дала аутокефалију!

Прошле седмице ми се јавио новинар, кога сам упознао недавно (слободно ћу га назвати пријатељем), и питао ме: да ли бисмо могли да снимимо изјаву о писму које је МПЦ упутила БПЦ, тражећи једнострано признавање самопроглашене аутокефалије? Са лакоћом сам му одговорио да бих најпре изазвао његово расуђивање , и продужио сам једноставним, савременом човеку, разумљивим језиком: да ли би се упустио у анализе и шта би изјавио, када би наша влада упутила писмо влади Р. Словачке у коме би тражила да Словачка једнострано прими Македонију у пуноправно чланство Европске уније и потом да заступа и промовише њено „чланство“ пред свим другим члановима уније? Одговорио ми је: рекао бих да у влади седе неозбиљни и неодговорни људи. Овом реченицом смо завршили наш разговор и поздравили се до следећег слушања.

Continue reading “Епископ стобијски Давид: БПЦ је одбила мајчинство и није дала аутокефалију!”