Епископ стобиски Давид: Државните невистини за св. Климент!

2017 Дек 07Минатата година бев поканет во Р. Грција, да одржам предавање по повод 1100 годишнината од упокоението на св. Климент охридски. И денес, воочи неговиот празник, јадровито ќе се осврнам на тоа што го говорев во Верија, во однос на историските искривувања, поврзани со името на оваа неодминлива личност од нашето минато.

Првото искривување е аматерскиот став на непризнатата МПЦ, дека, како што самите се изразуваат, МПЦ била: обновена светиклиментова Охридска архиепископија и црква! Во учебникот од кој учат богословите на МПЦ, пишува: „св. Климент е основоположник на денешната Македонска православна црква“ (Јован Белчовски, „Историските основи за автокефалноста на МПЦ“, стр. 12, Скопје, 1990). Покрај многуте други, ја наведувам само оваа референца, за јавноста одблизу да се запознае со тенденциозното фалсификување на историјата и конфликтот, кој оттаму произлегува при стручната соработка со онаа јавност кај нас и во светот, која не подлегнува на изопачувањата.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Државните невистини за св. Климент!”