Епископ стобиски Давид: Бојата е иста, во прашање се нијанси!

2018 Фев 22На префинетиот рачен вез на домашната културна сцена, од неодамна се наоѓа уште едно неодминливо монистро од книжевно богатство. Пофалба е и за нашиот нормативен јазик! „Книга на записите“ (Макавеј, Скопје, 2016), е првото дело од областа на политичката философија во древната Кина. Накусо речено, ова дело, преку историската парадигма на првите три кинески династии, дава согледба на политичкото дејствување на човекот во светот. „Книга на записите“ е составен дел на класичниот конфуцијански книжевен канон и претставува компилација на историско-политички текстови, кои датираат од периодот помеѓу 11 и 7 век, пред Христа. Вдахновениот превод на книгата од древнокинески на македонски јазик, предговорот, белешките, прилозите и хронолошките табели ги има направено пекингшкиот докторанд Игор Радев, кој, патем речено, од древнокинески има преведено збир на битни наслови, без кои е невозможно да се замисли една современа култура. Реченово сведочи дека имаме соодветен кадар од областа на кинеската филологија и синологија (Радев и неколкумина други), но, за жал, сѐ уште немаме одговор зошто до ден-денешен ниту една високообразовна институција кај нас нема катедра по кинески студии (јазик, култура, историја)! Предоченово ќе остане тема за посебен осврт!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Бојата е иста, во прашање се нијанси!”

Епископ стобиски Давид: Фалбаџиство со незнаењето!

2018 Фев 15Бездруго, при ниту една околност не би го апсолутизирал мојот впечаток! Но, за да не ја доживее полнотата оној пророчки стих, кој и нас нѐ опишува како земја на паралелни монолози, ќе се обидам, и тука, да се впуштам во дијалог. За каков разговор станува збор? Го изложувам едноставното искуство: сѐ почесто се среќавам со многу умни луѓе, и, без да прашувам, без да се интересирам, низ нашите беседи, соговорниците се ползуваат со исказот (со помодарски призвук), та повремено, секој од нив, ќе рече: јас сум агностик! Признавам, таквото изјаснување честопати ми создава недоумица, бидејќи определбата: агностик, не можам да ја поврзам со богатството од знаења на луѓето со кои зборувам. Зар, денес, незнаењето го собира и му дава сила на овој народ! Затоа ли малку нешта успеваат! Од кога незнаењето се смета за доблест!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Фалбаџиство со незнаењето!”

Епископ стобиски Давид: Ако записникот е таен, како е јавно познат!

2018 Фев 08Со восхит ги исчитав редовите на нашиот познат новинар, публицист и пратеник г. Веле Митаноски (Зошто СПЦ „цртала“ по два записника за односите со МПЦ – јавен и таен!?, „Слободен печат“, 03. 02. 2018), содржина во која сум прозван, та веднаш да одговорам.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Ако записникот е таен, како е јавно познат!”

Епископ стобиски Давид: Да им нацртам за мајката и ќерката!

2018 Фев 01Пред сѐ, нужно е да се знае дека православната црква како conditio sine qua non ја смета благодатта, која непрекинливо се предава преку чинот на ракополагање епископи, од апостолско време до денес. Без сочувување на тој континуитет, не би можела да биде црква! Затоа, сега, нема детално да се осврнувам на разговорот, кој на 10 Мај 1947 г., го водеа патријархот српски Гаврил, генералот Љубодраг Ѓуриќ и Лазар Колишевски. Сум имал можност да ги прегледам записниците од средбата. Но, од суштинско значење е да нагласам дека и пред седумдесет години, на насилничкото барање на Колишевски да му ракоположи епископи за МПЦ, одговорот на патријархот бил смирен и недвосмислен: црквата нема физички средства да го спречи насилието, кое на црковен план се случува во НРМ со МПЦ. Истовремено патријархот му предочил на Колишевски, дека ниту една православна црква не може и никогаш нема да признае одметничка авантура, каква што е оваа на МПЦ!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Да им нацртам за мајката и ќерката!”