Епископ стобиски Давид: Книгата или трејлерот, прашање е сега?

2018 Апр 26Го предупредил ли некој премиерот дека се изложува себе си на опасност! Имено, Конфуциј вели: „да мислиш, без да читаш, е опасно. Да читаш, без да мислиш, е бесполезно“! Денес постојат мислечки луѓе, кои, не обопштувајќи, ценат дека живееме во предвидлив свет, свет без изненадувања. Лесно е предвидливо – сѐ помалку ќе се чита! Годинешнава збирка „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт, покрај дневнополитичкиот размер, предупреди и на сеопшта опасност, со алармот во вид на совет од висока државна позиција, кој гласи – не е неопходно да се чита! Во една прилика, премиерот, тогаш како градоначалник, дури демонстративно ми ја врати книгата, која како божикен подарок, му ја бев испратил во општината! Воопшто не носам суд за неговиот морален лик! Само, поборник сум на читањето. Во напредните средини, подарена книга не се враќа! Но, кај нас, луѓето, кои не читаат, настапуваат со убеденост дека се за сѐ во право. Токму таа убеденост ги затвора за изненадувањето и од него произлегувачкиот восхит.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Книгата или трејлерот, прашање е сега?”

Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!

2018 Апр 19Во одредени академски кругови на Европа, особено оние на социјалната теологија со германски бекграунд, веќе циркулираат неколку докторати, кои критички се осврнуваат на сѐ што се случуваше во минативе петнаесетина години, во однос на државниот прогон врз верските слободи на дел од граѓаните на нашава, сѐ уште, делумно слободна држава. Заради историското паметење, некои поглавија со хируршка прецизност ја обработуваат улогата на домашните печатени медиуми при отфрлањето на познатата Нишка спогодба од 2002 година. Пред да стане збор за улогата на весниците во третирањето на теолошките теми, накратко да се потсетиме на Нишката спогодба (2002 г.), во компарација со молбата на МПЦ (2017 г.), Бугарската патријаршија да стане нејзина мајка.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!”

Епископ стобиски Давид: Дупката како референца!

2018 Апр 12Ако се појде кон Преспа преку стариот пат за Велес, што денес го нарекуваат и ни го наплаќаат како автопат, после исклучувањето кај Градско, брутализмот станува полесно видлив. На друмот се нанижани дупки и нерамнини, како зјапнати закани кон човекот, кој сака да се движи напред. Доколку, пак, патникот продолжи кон Гевгелија, или, уште полошо, ако оттаму се враќа, шансите да биде голтнат, двојно повеќе се зголемуваат. Тотални акциденти демнат буквално насекаде! Оставам ли празен простор, секој читател би можел да ја допише дупката, која живот чини! Но, реченово е доволно индикативно.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Дупката како референца!”

Епископ стобиски Давид: Работилница на победи!

2018 Апр 05Низ сета комплексност на човековото битие, познато е дека се профилираат и следниве два типови луѓе: пчели и муви. Ако на ѓубриштето изникнал цвет, тогаш пчелата го пронаоѓа и црпи само од цветот, без да обрнува внимание на сметот. Сосема спротивно, човекот мува, на ливадата со распослано цвеќе, го бара и се лепи само за изметот. Со овие индикативни зборови на современиот старец, преподобниот Пајсиј Светогорец, несомнено се илустрира еден од постоечките начини на восприемање и интерпретирање на севкупната човекова егзистенција. На пример, непобитен факт е дека се случува да врне дожд. Но, толкувањето на дождот е различно. Еден човек се помрачува затоа што дождот му ја уништува фризурата. Друг човек, пак, на истиот дожд, го издигнува лицето кон небото и со восхит ја прима секоја капка, која, како музика му одѕвонува по образите.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Работилница на победи!”