За автокефалија е потребна сеправославна согласност!

wpИзјава за дневниот весник „Слободен печат“, 01 Јуни 2018 г.:

Епископот стобиски г. Давид вели дека решението на проблемот на МПЦ-ОА не треба да се бара со создавање неред во црквата, туку со хармонија.

– Редот е МПЦ-ОА прво да се врати во единството, па потоа да работи на својот натамошен статус. Пребивајќи вон подрачјето на црквата, МПЦ-ОА нема да добие ништо со ваквите поединечни барања. Јавноста треба да знае дека во православието е прифатено дека автокефалија не може да доделува ниту една црква поединечно, туку за тоа е потребна сеправославна согласност и потписите на сите патријарси. Оттука, ниту СПЦ не може поединечно да ѝ даде автокефалија на МПЦ-ОА. Нашата рака, да ѝ помогнеме на МПЦ-ОА, останува испружена – вели г. Давид.

Тој вели дека нередот во кој пребива МПЦ-ОА останува лоша парадигма.

– Ние отсекогаш сме биле и ќе бидеме отворени за дијалог од кој ќе произлезе решението за МПЦ. Постои само еден предуслов, а тоа е да завршат судските прогони против ПОА, кои сѐ уште траат. Не е возможно да се разговара под постојана судска закана. И конечно треба да стане недвозмислено јасно дека патот на МПЦ-ОА, ако сака да биде примена во единството на црквата, не води преку ниту една друга црковна катедра, освен преку ПОА – вели г. Давид.