Епископ стобиски Давид: Христос се роди!

Отрок ни се роди, Син ни се даде, и власта ќе биде на рамењата Негови, а името Му е: Чудесен Советник, Крепок Бог, Отец на идниот век, Господар на мирот (Исаиј 9. 6). Вака пророкуваше пророкот Исаиј, седум векови пред Рождеството Христово, навестувајќи го настанов, којшто ние, денес, го празнуваме. Истиот пророк ќе изглаголи: Самиот […]

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Светите Петнаесет Маченици се наоѓаат распнати во Струмица

Високопреосвештен и многу возљубен Митрополите Полјанис и Килкисиу г.г. Емануил, свети Архиереји, возљубени во Христа браќа, денес го чествуваме празникот на светите Петнаесет струмички свештеномаченици, празник, којшто очигледно нема тесно национално значење. Овие личности, светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици, за првообраз во својот живот секогаш го имаа Богочовекот. Знаеа добро дека, доколку тоа што е човечко […]

Епископ стобиски Давид (Нинов): Воскресение Христово!

Објавувањето на Воскресението воопшто не претставува негирање на овдешниот живот, туку напротив, претставува негова потврда. Ако се осврнеме попроникливо, насекаде согледуваме дека сѐ во нашиот живот е устроено во духот на Воскресението. Еден древен философ ќе рече дека спиењето е брат на смртта, но ние сведочиме дека будењето е нашето Воскресение. Пролетта што сега ја […]

Епископ стобиски Давид: За светиот пророк и псалмопевец Давид

Со кои слова да го восфалиме, денес, блажениот Давид? На почетокот ќе кажеме дека, кога Давид ќе ја разигра неговата духовна лира преку Псалмите, веднаш се буди нашето најдлабоко вонмем и изразот негов ја омудрува мислата човекова. Следствено, од сите книги на Стариот и Новиот Завет, се чини книгата Давидова е помеѓу омилените на Христијаните, […]

Епископ стобиски Давид: Христос се роди!

Денес, кога го празнуваме воплотувањето Христово, возможно е некој да го постави прашањето: зошто се воплоти втората ипостас на Света Троица, а не стана човек на пр. Отецот или Светиот Дух! На ваквото прашање, Отците на Црквата одговараат со следниве зборови: затоа што човекот е икона Христова! Логосот е Создател на човекот, согласно на напишаното […]

Епископ стобијски Давид: Свештенопосланство!

Високопреосвештени Митрополите Јоханесбурга и Преторије Г. Дамаскине, Високопреподобни Архимандрите Пантелејмоне, Ваша Екселенцијо господине Амбасадоре, најскупоценији, у Васкрслом Христу, браћо и сестре, на почетку овог обраћања преносим вам најтоплије поздраве и очински благослов Његове Светости Патријарха српског Г. Иринеја, који вас свакодневно има у његовим светим молитвама и који вам честита јубилеј – 35 година храма […]

Епископ стобиски Давид: Успение на Пресвета Богородица

Го роди Животот, Кој ја премости онтолошката провалија помеѓу Несоздадениот и создаденото, и сега кон Животот преминува со чесното успение, Пресветата, Пречесната и Преблагословената наша Мајка. „Што да кажам, што да изглаголам?“, се зборовите на пророкот Даниил, со коишто денес глаголиме и ние, вчудоневидени пред утехата и радоста со кои се исполнуваме созерцувајќи го упокоението […]

Епископ стобиски Давид: Преображение

I. Ние, сега, нема да се впуштиме во определување на историскиот контекст во којшто денес го празнуваме големиот настан што се случи на Тавор, иако е познато дека нашево време го одликува прогонот што се спроведува врз нашата Црква. И онака, вековното искуство покажува дека оние што ја гонат Црквата, сѐ уште ја немаат определено […]

Епископ стобијски Давид: Богородица Тројеручица!

Преосвештени Епископе најсветије горњокарловачке Епископије г. Герасиме, Преосвештени Епископе далматински г. Фотије, часни отци, преподобно монаштво, возљубљени у Господу, допустите да вам на почетку овог обраћања пренесем срдачне поздраве и молитвене жеље за свако благопоспешение, молитвене жеље које вам из скопског затвора „Идризово“ шаље Његово Блаженство Архиепископ охридски и Митрополит скопски Јован, у чије име […]

Епископ стобијски Давид: Педесетница!

Преосвештени Епископе, најсветије и древне Епископије захумско-херцеговачке и приморске, г. Григорије, допустите да Вам се, на почетку овог обраћања, срдачно захвалим на позиву да, на овај велики дан за нашу православну Цркву, дан силаска Духа Светога,  овде у Мостару, заједничаримо у божанственој Евхаристији. Евхаристијско сабрање је наша отаџбина и наше јединство које превазилази све створене […]

Епископ стобијски Давид: Радост Саборне Цркве!

Ваше Високопреосвештенство, Архиепископе цетињски, најсветије Митрополије црногорско-приморске, г. Амфилохије, хвала Вам на јеванђељску љубав коју нам показујете; хвала Вам на сву Вашу штедру бригу за што скорије ослобађање неправедно утамниченог Архиепископа охридског Јована; Ви сте били у тродневној посети Охридскoj Архиепископији и тај Ваш благослов пребива са нама; хвала Вам још и на отачком и […]

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Еден копнежлив поглед кон прекрасните планински врвови во пролет, доволен е – за на човекот да му ја предочи возвишеноста на неговото постоење! Колку ли неспоредливо повеќе, учеството во Воскресението Христово, му ги заблескува лицето и срцето на човека, токму заради непобитниот факт дека засекогаш е решен најгорливиот проблем на човештвото, проблемот на смртта. Смртта […]

Ο Επίσκοπος Στοβίων και Τοποτηρητής Στρώμνιτσας Δαβίδ: ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ!

Ένα βλέμμα με θαυμασμό, προς τις όμορφες βουνοκορυφές στην άνοιξη, είναι επαρκής για να υπενθυμίζει στον άνθρωπο το μεγαλείο της ύπαρξής του! Πόσο περισσότερο η συμμετοχή στην Ανάσταση του Χριστού, φωτίζει το πρόσωπο και την καρδιά του ανθρώπου, ακριβώς λόγω του αναμφισβήτητου γεγονός ότι για πάντα έχει λυθεί το μεγαλύτερο πρόβλημα της ανθρωπότητας, το πρόβλημα […]