Епископ стобиски Давид: Хиротонија на ѓаконот Марко

Возљубен ипоѓаконе Марко, отци, монахињи, најскапоцени во Господа,

денешниот ден воистина е голем ден, ден Недела, ден Господов, а како што мудро вели нашата народна песна – нам секоја недела ни е Велигден. Уште е и голем ден заради претстоечката хиротонија во ѓаконски чин на нашиот ипоѓакон Марко.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Хиротонија на ѓаконот Марко”

Епископ стобиски Давид: Пристапна Епископска беседа

Ваше Блаженство, Ваши Преосвештенства, Високопреподобни архимандрити и игумании, Чесни презвитери, Преподобни монаси и монахињи, во Христа Бога браќа и сестри,

мнозина се оние пред мене, коишто останале вчудоневидени и во недоумение пред подобните, на денешново, дејанија на Духот Свети. Та, кога тие велики светители на Црквата, како и огнените богослови и јерарси, низ историјата и во совремиево, бивале восхитени, понекогаш и до немост, пред тајната на личната Педесетница, што ли да кажам јас недораснатиот и грешен пред Триипостасниот Бог!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Пристапна Епископска беседа”