Бранко Цветкоски: Преку прагот е вселената на човекот

(нотации за расказите од книгата „Преку прагот” од Владиката Григориј; Скопје, 11 Април, НУБ „Св. Климент Охридски”)

Почитувани пријатели на литературата, дами и господа,

вечерва, во овој македонски храм на книгата, ние од издавачката куќа „Макавеј“, и нам секогаш драгиот актер, Томе Витанов, и, чудесните македонски кавалџии, продолжуваме, заедно со вас, почитувани, со мисијата на зближување на творците од регионот, со проникнувањето на литературите, на културите, на народите, на начин скромен, но уверлив и искрен, онаков како што го можат само посветените за градење трајни споеви на духот, со премавнување на границите и на историските јазови, со ведрина и со кренати чела…

Continue reading “Бранко Цветкоски: Преку прагот е вселената на човекот”

Бранко Ставрев: Феноменот Славко Нинов како потврда дека вистинскиот актер мора да има лице

Мојот колега и пријател Славко Нинов беше главен лик во речиси сите мои претстави, остварени во Македонскиот народен театар.

Блесна како Лем Костадиновски во „Sидот, водата“, на Живко Чинго; одушеви како Ангеле во „Отепвачка“, на Ристо Крле; брилираше како Поетот во „Студенти“ и „Потоп“ на Бранко Пендовски; се вивна до актерскиот врв во „Големиот брилијантен валцер“, на Драго Јанчар; се потврдуваше низ „Играта на наредникот Мазгрејв“, од Џон Арден; „Животот на Галилеј“, од Бертолд Брехт; „Зајдисонце“, од Исак Бабељ; „Макавејските празници“, од Живко Чинго; „Мартолозот“, од Григор Прличев… набројувам само некои од нив.

Continue reading “Бранко Ставрев: Феноменот Славко Нинов како потврда дека вистинскиот актер мора да има лице”

Архимандрит Софрониј (Сахаров): Послушание, еден од трите монашки завети

Мнозина се оние, кои мислат дека разликата помеѓу монаштвото и обичниот живот на луѓето се темели на безбрачноста. Ние, во согласност со светите Отци и современите подвижници, покажуваме најголем интерес за послушанието, бидејќи, честопати, лицата што живеат во безбрачност не стануваат монаси, ниту во буквалната смисла, ниту по дух. Слично на ова, сиромаштвото како способност некој да се задоволува со малку, се среќава и кај луѓе, кои се наоѓаат многу далеку од монашкиот дух.

Continue reading “Архимандрит Софрониј (Сахаров): Послушание, еден од трите монашки завети”

Зоран Бојаровски: Кон книгата „Секој крај, нов почеток“!

скнпвп

За книгата колумни на Давид (Нинов), епископ Стобиски од Православната Охридска Архиепископија (ПОА), пишувам на денот кога во нашиот град се одржува(ше) маратонот. Ме радуваше таа типична раздвиженост и шаренило за тој ден во Скопје. Илјадници луѓе ја истрчаа својата трка, својата делница на Скопскиот маратон. Многумина од нив се подготвувале, вежбале, за да ги прилагодат своите физички способности според барањето на маратонот – да се стигне на целта.

Continue reading “Зоран Бојаровски: Кон книгата „Секој крај, нов почеток“!”

Данијела Киш: Сосредоточеност на сржта на животот!

%d1%81%d0%b2-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd

Данијела Киш (33), од Суботица, е дипломиран наставник по ликовна култура, која наместо сликарското платно, го користи дисплејот на мобилниот телефон, нанесувајќи на него бои со врвот на палецот од левата рака. Така се настанати бројни, како што ги нарекуваат, touchscreen или viber икони, чија прва изложба се случи минатата година.

Од 2003 год., Данијела Киш ја има дијагнозата: системско воспаление на крвните садови и периферните нерви. Не е во можност да се движи, не контролира 99 насто од своето тело, има чести и јаки болки, но тоа не ја спречува, на начин кој ѝ е својствен, да ја сведочи неминливата радост на животот и да го разубавува светот околу себе од нејзината постела, која постана своевидно ателје. Според зборовите на Данијела Киш: „животот е поубав од било кога“!

При еден разговор, на констатацијата дека: нејзина најголема љубов било вајарството, но дека сега не може да биде вајар, несекојдневниот уметник Данијела Киш, одговара: „да, но можам да сликам. Бог навидум одзема нешто, но на крајот се покажува дека тоа е од суштинска полза. Додека бев здрава мислев дека животот, здравјето, уметничкиот талент, определбата во животот… дека сето тоа е нешто што ми припаѓа само мене. Оттаму, секој критериум и насока во животот беа исклучиво плод на мојата самоволја, што се покажуваше, во пракса, дека не е добро. Живеев за добар помин и за моменти на привидна среќа, кои блеснуваат помеѓу две здодевности и исчезнуваат како да не постоеле. Создавав нешто, што знаев дека во најдобар случај ќе заврши за собирање на прашина во нечија колекција. Животот беше некако празен, денес е сосема поинаку“.

Continue reading “Данијела Киш: Сосредоточеност на сржта на животот!”