
Катихизис за млади.
Кој е човекот? Што е Црквата?
Човекот е создание од разумна душа и прекрасно тело, кое ѝ служи на разумната душа – за да бидат храм на живототворната Троица. Човекот е украс на сите Божји созданија. Бог го дарувал со својот образ и му подарил моќ за живот вечен.
Сите луѓе се браќа помеѓу себе, бидејќи имаат еден Отец, Творец на сите созданија. Браќа се, бидејќи имаат една човечка природа и исти прародители: Адам и Ева.
Човекот е во сродство и со сите останати созданија, од најмалите до најголемите, од атомот до ѕвездите. Бидејќи, на сѐ што постои, присутен е истиот печат на творечката сила и слава Божја, сѐ е сведок на истата мудрост Божја. Бог нѐ љуби со својата вечна Љубов, преку сите созданија, видливи и невидливи. Сѐ што постои, зрачи со љубов и нас нѐ поттикнува на љубов.
Црквата е Тело Христово!
Отецот и Синот и Светиот Дух живеат во таква љубов, благодарение на која, заедничко им е сѐ што имаат. Сѐ што прават – го прават од љубовта, која ја имаат еден за друг. Отецот и Синот и Светиот Дух најпрвин ги создадоа билките, животните… а, на крајот го создадоа човекот. Ги создадоа Адам и Ева, за и тие на билките и животните да гледаат како што гледа самиот Бог – со љубов, и да бидат нивни пријатели. Бог го љубеше Адам како свој син, оттука и човекот го љуби Бога како свој Отец. Слично на нашите родители, коишто од љубов ни го дале животот. Нашите родители, исто така, преку нас гледаат на сиот свет, та затоа светот за нив е убав, како ние што сме им убави.
Исус Христос е Син Божји и Него Отецот многу го љуби. Христос, исто така, многу го љуби Бога Отца. Ги запозна и луѓето, своите пријатели, со Бога Отецот, и го замоли да ги прими и да ги љуби како свои синови, т.е., како што го љуби Него – Христа. Од тој миг, Бог Отецот ги љуби сите луѓе, Христовите пријатели, и сета природа, како Христа, својот Син, не одделувајќи ги еден од друг.
Continue reading “Заедница на Љубовта (катихизис 2)”