
Расчленувајќи ја, со хируршка прецизност, интелигенцијата на злото, Бодријар ќе го постави полнозначното прашање: „За кого бијат посмртните камбани на политиката“? Во потрага по одговорот, тој ќе предочи дека, денес, политиката претставува простор, во кој дејствува злото! Поточно, за жал, политиката се управува од злото, кое е распрснато во поединци политичари, но и во колективни манифестации, преку сите нејзини, извесни облици: повластиците, порокот и корупцијата.
Continue reading “Епископ стобиски Давид: Владата не сака во ЕУ!”