Митрополит пергамски Јован (Зизиулас): Теологијата на свети Силуан Атонски

Најпочитувани отци, браќа и сестри, со длабока трогнатост прифатив да ја изложам темата за богословието на светиот Силуан. Изборот на темата се должи на фактот оти со помош на неговиот духовен ученик и мој личен духовен отец, вечнопамјатниот отец Софрониј од манастирот Есекс, го имам испочитувано светиот Силуан, не само како Христијанин и дел на […]

Хосе Ортега и Гасет: Одново да се потврдиме со обврската кон вистината

Според моето уверување, политиката е: размислување за корисното. Но, кога политиката ќе зацари со свеста и ќе почне да управува со севкупниот наш духовен живот, тогаш преминува во мошне сериозна болест. Причината е јасна. Додека корисното го прифаќаме како корисно, ништо не може да ни се префрла. Но, доколку таа опседнатост со корисното постане основна […]

Анестис Кеселопулос*: Црквата и современиот свет*

Поимите за Црквата и светот. Црквата е образ и изображение (τύπος και εικόνα) „на севкупниот свет, кој се состои од видливи и невидливи суштини“.[1] Согласно на овој израз, но и, воопшто, низ перспективата на учењето на Светото Писмо и Отците на Црквата, сите нешта на светот се создадени од Бога за да постанат и да […]

Михалис Ганас: Црн кипарис!

Си беше еднаш човек еден, многу тивок и обезоружен. Имаше куќи и ливади, и стада, и пси, и мрежа една со која ловеше птици. Имаше студен извор во неговата градина, црн кипарис во сонот негов. Една жена љубеше, која често пееше и секогаш тивко говореше.  

Од насмевка до премудрост!

Во рацеве држам книга со следниов наслов: „Од насмевка до премудрост, Антологија на православниот хумор“. Во краткиот предговор се зборува за различните видови хумор, којшто е илустриран со измислени шеги и вистинити, анегдотни случки. Притоа се истакнуваат и познати светители за кои е извесно дека имале смисла за здрав хумор; на пр., посочено е дека […]

Свети Григориј Палама: Беседа на божественото Преображение на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос, која докажува дека, иако сама по себе божествената светлина е несоздадена, таа, сепак, не е суштина Божја

Пророкот Исаиј предскажа за Евангелието, дека „Господ ќе сотвори реч собрана по сета вселена (λόγον συντετμημένον θα δώσει ο Κύριος επί της γης)“ (Ис. 10. 23). Собрано е она слово, коешто со малку зборови, опфаќа богата смисла. Да го испитаме, значи, денес она што веќе го разгледувавме и да го приложиме останатово, за сите да […]

Никос А. Мацукас: Култура

Ретко се грижиме да ја расчистиме смислата со една описна терминологија пред да ги развиеме нашите ставови во однос на одредена тема. Оттука и многупати несовладливите потешкотии, кога велиме дека учествуваме во дијалог. Во советот на Аристотеловиот Универзитет, кога се водеше разговор за Културната престолнина на Европа – Солун 1997 год., еден колега, претпоставувам од […]

Кавафис: Добро и Лошо Време

Не ми пречи ако распростре надвор зимата магли, облаци и студ. Во мене бива пролет, радост вистинска. Насмевката е зрак, позлатен сиот, и како љубовта друга градина нема; топлината на песната сиот снег го топи.  

Леќа

Еден ден, Диоген јадеше леќа од една чинија, седнат на прагот од некоја куќа. Во целата Атина не постоеше поевтино јадење од една чинија леќа. Со други зборови, доколку си јадел леќа, значело дека се наоѓаш во состојба на апсолутна сиромаштија. Помина еден пратеник на господарот и му рече: „Е, Диоген! Ако научеше да не […]

Кавафис: Термопилите

Чест на оние кои со животот им омиле да ги чуваат Термопилите. Никогаш од таа должност не одделувајќи се, праведни и еднакви во сите дела нивни, но, дури со тага и благоутробие; храбри кога се богати; и кога се сиромашни, пак не помалку храбри, повторно крепејќи се колку што можат; секогаш вистината говорејќи ја, згора, […]

Кавафис: Времето за Нерон

Не се обеспокои Нерон кога го чу на Делфиското пророчиште претскажаното: „од седумдесет и третата година да се плаши“. Му претстоеше уште време за наслади. Триесет години има. Мошне доволно е времето што Бог му го дава да се погрижи за опасностите идни.  

Андриќград

Во нашите краишта, коишто беа под Турците, особено оние најзаостанатите, трагите од робувањето се гледаат, некогаш помалку, некогаш повеќе; а, има моменти кога пред нас искрснуваат сите одеднаш, со сета своја тежина. Тогаш, гледаме дека тука е сочуван животот, но по цена која е поскапа од вредноста на самиот живот, бидејќи силата за одбрана и […]