Николај Бердјаев: Размисли за демократијата

Идеологијата, којашто признава врховност и апсолутизам на народната волја, се јавува кога народната волја повеќе не постои. Карактерот на демократијата е формален: таа самата не ја познава својата содржина и во границите, на од неа утврдуваниот принцип, нема никаква содржина. Народната власт е беспредметна. Демократијата е краен релативизам, порекнување на апсолутното. Демократијата не очајува заради […]

Ламброс Порфирас: Театар

Не знам како да ти кажам. Ама, патот, вчера ноќта, во сивата наоблаченост, како театар беше станал. Едвај се гледаше сцената во проретчениот мрак и како сенки далечни ми се причинуваа актерите.   Куќите таму и дворојте, и гранките заедно, чиниш беа реквизити стари и бледи, тие излегуваа и ја играа чудната нивна драма, та […]

Кавафис: Бог го напушта Антониј

Кога одеднаш, в полноќен час, се чуе трупа невидлива, како минува со преубава музика, со звуци – среќата твоја која веќе отстапува, делата твои кои не успеаа, плановите на твојот живот кои се покажаа заблуди, напразно немој да ги скрбиш. Како одамна подготвен, како смел, збогувај се со Александрија, која заминува. Пред сѐ, не се […]

Кавафис: Чекајќи ги варварите

Соништата од детството и радоста од игрите одненадеж биваат заменети со секојдневната груба стварност! Притиснат од грижите за опстојување и нурнат во несигурноста за иднината, и згора на сѐ во една нагласена осаменост, човекот заборава зошто живее и се соголува од вродениот поетски јазик, кој блика, кој извира во него, изразувајќи ја така неговата личност. […]

Митрополитот на Лемесос Атанасиј: Придвижен од бескрајна љубов…

На сите нам ни е познато тоа што го слушаме во Црквата, дека: Бог стана човек за да го обожи човекот. Ние, денешните луѓе, значи луѓето после падот на првиот Адам, не знаеме како човекот излезе од рацете Божји. Се разбира, познато ни е од Светото Писмо дека – Бог го создаде човекот според образот […]

Свети Исаак Сирин: Слово 48. За тоа, поради кои причини, Бог им ги допушта искушенијата на оние, коишто го љубат.

Од љубовта, којашто светителите ја покажуваат кон Бога, низ сѐ што поднесуваат заради името Негово, нивните срца се стекнуваат со дерзновение – Него да го гледаат слободно, та со увереност да бараат од Него исполнување на нивните молби, оти голема е силата на молитвата, којашто се збива со дерзновение пред Бога. Затоа, Бог ги остава […]

Свети Исаак Сирин: Слово 25. За трпението, коешто се збива заради Божјата љубов и како во него се наоѓа љубовта и помошта Божја.

Онолку, колку што човекот го презира овој свет и ревнува во стравот Божји, во таа мерка нему му се приближува промислата Божја и човекот мистично ја  чувствува нејзината помош, та му се даваат чисти помисли, за да ја разбере Божјата промисла. И, доколку некој своеволно се одрече од овоземните добра, тогаш, сразмерно на тоа во […]

Кавафис: Стихови

SИДОВИ Без претпазливост, без жал, без срам огромни и високи околу мене изградија ѕидови.   И седам и се обезнадежувам сега тука. Друго не мислам: умот ми го јаде оваа судба,   оти многу нешта надвор да правам имав. А кога ги изградија ѕидовите, како да не забележам!   Но, никогаш не чув ниту шум […]

Старец Паисиј Светогорец: Помирување со смртта

– Старче, ја соопштија конечната дијагноза. Туморот што го имате е рак и тоа свиреп! – Донеси едно шамивче да заиграм на „Остани ми со здравје кутар свету“! Во мојот живот никогаш немам играно, но сега од радост што ми се приближи смртта, ќе заиграм. – Старче, лекарот рече дека најпрвин ќе треба да ви […]

Старец Јосиф Ватопедски: Што е клеветата и зошто треба да ја издржиме?

Клеветата е најширокиот опсег на омразата и злото, и најболната рана за оној којшто ја трпи. Клеветата претставува одбранбено оружје на инфериорноста. Бидејќи не може да си ја покрие голотијата и ништожноста, се обидува да ги оцрни оние коишто се наоѓаат на повозвишено рамниште; за да се оправда, како што си мисли! Бидејќи е лажна […]

Митрополит на Месогеа и Лавреотики Николај*: „Поинаква логика“!

Потребно е да ги најдеме нашите излези, нашите премини, да ја откриеме „поинаквата логика“. И, тоа не е тешко! Самата неорганска природа, нејзините најпрефинети тајни, ги заштитува со метафизичката логика. Се брани, наспроти суровоста на нужноста и на сетилата, со механизми кои откриваат закони и начела спротивни на природната логика. Така, во микрокозмосот, детерминизмот станува […]

Кавафис: Итака

Кога ќе излезеш на патувањето за Итака, да се молиш долг да е патот, полн доживувања, полн сознанија. Од Лестригонците и Киклопите, од разлутениот Посејдон не се плаши, такви на патот твој никогаш не ќе најдеш, ако мислата твоја остане возвишена; ако до особена трогнатост, духот и телото твое, се допираат. Лестригонците и Киклопите, дивиот […]

Старец Порфириј Кавсокаливит: Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет

Душата на Христијанинот треба да е префинета, да е чувствителна, да е чувствена, да лета, постојано да лета, да живее во „соништата“. Да лета во бескрајот, помеѓу ѕвездите, во величијата Божји, во тишината. Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет. Тоа е тоа! Треба да страдаш. Да љубиш и да страдаш. […]

Патријарх Павле

Изреки: – Човекот не може да го избере времето во коешто ќе се роди и живее; од него не зависи ниту од кои родители, ниту од кој народ ќе се роди; но, од него зависи како ќе постапува во даденото време: дали како човек или како нечовек, без разлика во кој народ и од кои […]

Старец Порфириј Кавсокаливит: Внатре, во нашите души, да имаме добрина и љубов

Човекот има такви моќи, што може, доброто или лошото да го пренесува на неговото опкружување. Овие теми се многу чувствителни. Неопходно е големо внимание. Сѐ треба да гледаме на добар начин. Ништо лошо да не мислиме за другите. И еден поглед, и една воздишка, влијаат на нашите блиски. И најмалата огорченост дејствува лошо. Да имаме, […]