Предговор кон книгата „Времетворење“ на Епископот стобиски Давид (Нинов)

Во своите раце, читателот го држи севкупниот збир колумни, напишани од перото на епископот стобиски г. Давид (Нинов), за „Слободен печат“, најтиражниот дневен весник во земјава. На чело со главниот и одговорен уредник Бранко Героски, весникот ги печатеше колумните еднаш седмично, секој четврток во рубриките „Агол“ и „Трибина“, низ текот на 2016 г., 2017 г., и 2018 година. Испитувањата покажаа дека посочените колумни, како самобитен авторски запис низ едно одлучувачко време, наидоа на одзив, на читаност, а напати предизвикаа преписка, полемика. Само дел од нив, заедно со текстовите, кои епископот Давид ги имаше објавено во неделникот „Сега“ и на неговиот блог: david-ninov.net, излегоа во неговата претходна книга „Секој крај, нов почеток“. Оттаму, убава е заложбата на книгоиздателството „Макавеј“, овојпат сите колумни да бидат собрани на едно место и да бидат отпечатени во една книга со наслов „Времетворење“, токму како документ на посоченото време.

Continue reading “Предговор кон книгата „Времетворење“ на Епископот стобиски Давид (Нинов)”

Епископ стобиски Давид: Средба во Вистината!

delikari.jpg

Ваша Еминенцијо господине министер, почитувани професори, возљубен претставнику на Митрополитот солунски, возљубени отци, дами и господа,

ми претставува особена чест што можам да учествувам во промовирањето на оваа значајна книга, со наслов „Охридската Архиепископија во средниот век“ на почитуваната професорка (од Одделот за историја и археологија при Аристотеловиот универзитет во Солун), и автор на книгата, г-ѓа Ангелики Деликари.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Средба во Вистината!”

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Климент Охридски – Светител на Вселената, на Ромејството!

(превод на омилијата изговорена на 23 Јуни 2016 г., на свештеничкото собрание во „Павловиот Културен Центар“, во Верија, Р. Грција, по повод прославата во Веријската Митрополија на 1100 години од упокоението на свети Климент Охридски)

Високопреосвештен Митрополите на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон, чесни отци,

во редовите што следуваат, преку еден аргументиран и непристрасен пристап, ќе се осврнеме на контекстот во којшто, на сцената на историјата, се појавува една исклучително блескава личност, а таква личност бездруго е светиот Климент Охридски! Потоа, накратко, тогашните историски околности ќе ги споредиме со сегашноста, со единствена цел: од изложеното во ова обраќање, секој мислечки човек, без принуда, да има можност самиот да донесе заклучок, што светиот Климент е, а што не е, од она, коешто различните научни и помалку научни пристапи ни го претставуваат во однос на неговата личност и дејност.

Continue reading “Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Климент Охридски – Светител на Вселената, на Ромејството!”

Кон познанието / Човекот поет

степwp

По повод 10-годишнината од архиерејската хиротонија на Епископот стобиски и Местобљустител струмички Давид, Струмичката Епископија на Православната Охридска Архиепископија ги објавува следните, нови наслови:

Continue reading “Кон познанието / Човекот поет”

Епископ стобиски Давид (Нинов): Политички суд врз метаисторијата!

(Завршен збор, изговорен на 14 Март 2017 г., во Основниот суд Скопје I, во процесот „перење пари“, при повторното судење, после укинувањето на првата осудителна пресуда од страна на Врховниот суд)

суд

Почитуван суде,

не знам дали е и Ваше, но мое лично уверување е дека законите, според коишто се раководи еден суд, не се, или не би требало да бидат заробени во тесни и неплодни рамки, туку тие го содржат духот на плодноста, ако сакате ќе го именуваме – дух на човекољубието, кој чини правото да биде креативна наука, која во едно општество сведочи за широчината и длабочината на човековото битие, за неговото остварување како личност во таквата творечка атмосфера, во таквиот изградувачки општествен амбиент.

Continue reading “Епископ стобиски Давид (Нинов): Политички суд врз метаисторијата!”