Фото Албуми / Photo Albums: Flickr. Behance.

Фото Албуми / Photo Albums:

1. David Ninov – Flickr

2. David Ninov – Behance

Како што е возможно сликарот да игра со боите, или, писателот со зборовите, така, извесно е дека оној што фотографира, може да се игра со светлината, и играјќи, истата да ја запишува!

Continue reading “Фото Албуми / Photo Albums: Flickr. Behance.”

„Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?”

костурница

Хиландар, Света Гора, 24. 07. 2014 г.

Иезекиил 37. 1, 14. И би раката Господова врз мене и Господ ме изведе преку духот, ме постави среде полето – а тоа беше полно со коски, и ме проведе околу нив, а таму имаше многу, многу коски низ полето и тие беа наполно суви. И ми рече: „Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?”

Continue reading “„Сине човечки, ќе оживеат ли овие коски?””

Африка

Фото Албум

Без сомнеж, Јужна Африка е блескава скапоценост на африканската круна, првенствено со единството во различноста на мноштвото народи и јазици, со нивното широко културно влијание и со прекрасните, насмеани лица. Очи, коишто не негодуваат, туку бликаат од радост дури и во најтешките моменти.

Нејзините народи биле соочени со огромни предизвици, но секогаш се издигнувале со бестрашен дух!

Јужна Африка е земја со восхитувачко наследство и ветувачка иднина.

Земја со раскош од пејсажи, со безгранични хоризонти и со изненадувачка разновидност на флора и фауна.

Нејзиниот блесок е храбар и одлучна е да успева. Како што вели нивната поговорка: колку и да трае ноќта, зората ќе ја скрши!

Таа е икона на слободата за целиот свет!

(стобиски Давид, белешка, 21.10.2013 г., Јоханесбург)