Епископ стобиски Давид: Крстовите!

2017 Ное 23Патникот намерник, кој допрва ќе зачекори на оваа почва, што ли ќе си рече! О, што ли ќе изусти! Ќе го изговори истото, што низ заби го цедат оние, кои со бистра мисла ги вѕидуваат коските за оваа земја да стане великодушна и широкограда! Поле погледнеш или планина, излеани се тони железа! Жигосани се села, котлини, градови, планини и населби, со метални жигови. Намерникот, вчудоневиден, тивко ќе го каже тоа што тука намерно му се премолчува за добредојде, и ќе прошепоти: дојдов во земјата на железните крстови!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Крстовите!”

Епископ стобиски Давид: Тортурата!

2017 Ное 16Еден од моите омилени поети, грчкиот нобеловец Одисеј Елитис, вели вака: Ако нѐ удираат, тогаш да вадиме од себе глас чист и јасен, и да претпочитаме живот, кој, за да опстои, нека нема потреба од фусноти. Следствено, еве го мојот глас против тортурата, јасен и чист, и без потреба од дообјаснувачки белешки под текстот.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Тортурата!”

Епископ стобиски Давид: Шах!

2017 Ное 09Некои велат дека режисерот Џим Џармуш дошол до книгата на мудроста, до таинствените писанија, кои го вдахновиле и го направиле луциден објавувач на необјавеното. Овие списи, велат, содржеле кратки поглавија на плодоносниот опит! Еве неколку од нив: Continue reading “Епископ стобиски Давид: Шах!”

Епископ стобиски Давид: Патарината!

спПознатата револуционерка Роза Луксембург ќе ја изговори следнава, полнозначна реченица: тие што не се движат, не ги забележуваат оковите си! Се чини, пострашно од реченото е само следново: човекот ги забележува оковите и движејќи се, ги влече со себе, умирајќи како роб.

Го читам законот за јавни патишта, кој соодветствува на руинираната состојба на патиштата во републикава. Посоченава грда состојба, и на законот, и на патиштата, гледам дека на јадровит начин, на Твитер, ја третира и адвокатот Александар Тортевски, кој за „рекетот наречен патарина“, ќе твитне: „Ти да продаваш расипан производ, ќе те стават во затвор. Државата, кога продава користење на расипан автопат, е тоа не е криминал“! Следствено, дефинициите за патарината, за автопатот, за финансиите за изградба на патишта, законот за јавни патишта ги има прилагодено на рекетот и руината.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Патарината!”

Епископ стобиски Давид: Републиката!

2017 Сеп 25Како лично запознавање со копнежливиот спомен за иднината, како средба, очи в очи, со метафорите за ветената земја, како прогласување република на културата, како планинскиот врв, кој на човека му ја предочува возвишеноста на живеачката, како „брат брата не рани, тешко му кој го нема“, како зашеќерено јаболко за децата, како летање змеј од хартија, покрај Радика! Така помина запознавањето со Бранимир Пофук, човекот, кој ги растегнува границите така како што се шири рачно сучената кора за баклава, за во нивниот простор да поведе расправа, која ќе нуди познание на нештата.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Републиката!”

Епископ стобиски Давид: Јубилејот!

2017 Окт 19На дел од домашната јавност ѝ е познато дека оваа 2017 г., МПЦ прославува 50 години од самопрогласувањето на автокефалијата и дека на почетокот од овој месец се одржа централната прослава по повод јубилејот. Се разбира, погледнато од уставен аспект, од гледна точка на почитување на верските слободи, никој, ниту може, ниту смее да го оспорува правото на празнување на спомнатиот јубилеј. Од друга страна, пак, сосема е возможно да се води расправа за идејата. Белким, поминато е времето кога за идеите, односно за добронамерниот полемички дискурс во однос на „автокефалијата“ на МПЦ се одеше во затвор, иако, за жал, судовите, подметнувањата и притисоците сѐ уште траат!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Јубилејот!”

Епископ стобиски Давид: Одрамувањето!

2017 Окт 12Секогаш постои начин, човекот да си го одбере и да го направи најлошото! Да вметне во рикверц и да се повика на славното минато, особено кога сегашноста му е бедна, а иднината неизвесна. Во обид да ја избегне оваа опасност, нашата политичка сцена, низ пострежимскиов период се ориентира кон афирмацијата на демократските вредности. Но, истовремено, земјата сѐ уште бива врамена во гобленските рамки на општата несигурност.

Следствено, прашањето кое го притиска нашиов миг, може да гласи: какви рамки и несигурност? Еден од постоечките одговори е сликовитата паралела, која во преносна смисла може да се повлече помеѓу Сан Франциско (СФ) и Скопје (СК), во десетлетието наназад. Со таа разлика што првиот град е облечен во технологија, а вториот во стиропор. Како што забележуваат критичарите, СФ некогаш вриел од живот, и, првенствено, бил град – извор на изобилие од општествени промени. Според истите мислечки луѓе, СФ денес е врамен со рамки од затапените сетила на оние, кои некогаш читале книги, а сега зборуваат само за „Мајли и Бијонсе“. Истовремено, со промената што ја донесе технологијата, СФ се претвори во „град на олигархијата и среброљубието“.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Одрамувањето!”

Епископ стобиски Давид: Скокачот!

2017 Окт 05Се добива впечаток дека не го помниме сопственото минато, а извесно е дека тие, кои не се сеќаваат на тоа низ што поминале, осудени се повторно да го живеат истото. Затоа, редовите кои следуваат претставуваат скромен обид, преку конкретен пример, кој може да има преносно значење за многу нешта, да се дојде до сознанието дека е битно што ни се случува сега низ животот, но истовремено, важно е што и на кој начин паметиме.

Како илустрација за претходните реченици може да послужи следниов настан: оваа, 2017 година, актуелниот претседател на Р. Македонија, беше одликуван, во Москва, со награда за, како што е наведено: извонредна дејност во зацврстување на единството на православните народи, и за утврдување и промовирање на христијанските вредности во животот и општеството! Ќе се вратиме на споменот на оваа награда, која ја доделува некоја Меѓународна општествена фондација за единство на православните народи, но претходно да се потсетиме на Езоп, парафразирајќи една од неговите басни.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Скокачот!”

Епископ стобиски Давид: Богомолци!

Во пресрет на претстојните локални избори, се чини пригодно е да се артикулира ставот во однос на појавата, која го окупира вниманието на мислечките луѓе во земјава, особено во текот на предизборните кампањи, но и помеѓу нив. Во обидот да доловам за каква појава точно станува збор, ќе се послужам со следната илустрација.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Богомолци!”

Епископ стобиски Давид: Автокефалијата!

Во едно демократско општество, кадешто се почитува уставната определба за одделеност на црквата и верските заедници од државата, пишувањето на овие редови ќе беше беспредметно. За жал, кај нас е повеќе од неопходно! Во продолжение, накратко, ќе ја разгледаме причината за предочената нужност.

Постојат напредни демократии, кои, согласно на нивниот правен поредок, немаат закон за регистрирање на верски заедници! Зошто? Затоа што за нив, едноставно, тие постојат! Плурализмот на слободната теолошка мисла и изразувањето на истата, е клучна алка, која, за да се спои со цивилизираниот свет, ѝ недостасува на нашата земја. Нашиот државен апарат сѐ уште го штити монополот на МПЦ во однос на другите постоечки цркви со православен предзнак, кои судот упорно одбива да ги регистрира! Притоа, МПЦ останува решително непризната за православниот свет, што суштински ја поткопува вистинитоста на нејзиното самоименување како православна црква. Истовремено, неоправданиот анахронизам на одредени структури во Државната безбедност ги поттикнува неколкуте задолжени новинари да папагализираат дека за состојбата во која се наоѓа МПЦ е виновна Српската православна црква (СПЦ). Овој став здушно го поддржуваат и некои клирици/монаси на МПЦ, кои својата неграмотност ја прикриваат со звучните титули.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Автокефалијата!”

Епископ стобиски Давид: Јазикот!

Невозможно е лесно да се прифати распространетата, но површна определба, според која, да се познава еден јазик, значи дека е доволно со истиот само да се разговара, употребувајќи околу стотина зборови во секојдневниот говор. За човекот да биде препознаен како писмен, сепак, неопходно е да ги познава облиците на зборовите, правилата при составувањето реченици, правописот на јазикот што го зборува…

Во земјава, честопати слушаме заложби за исклучително право на општо ползување само со јужнословенскиот, македонски јазик. Со чесни исклучоци, ретко се поставува прашањето за познавањето на нашиот јазик, кој денешните облик и азбука, првпат ги добива во 1945 година. Се разбира, овој податок не го намалува неговото значење. Не постојат грди јазици, постои грдоста луѓето да не се разбираат заради непознавање на јазиците. Нашиот современ јазик е преполн со богатство од поими и сонцеисткаени зборови, но, останува чуденката, зошто оние, кои се залагаат за негова општествена исклучивост, се срамат од сопствениот јазик и, очигледно, не го познаваат доволно!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Јазикот!”

Епископ стобиски Давид: Името!

После неколку месеци од доаѓањето на новата власт, приличи да се предочи една, сѐ уште демнечка закана за развојот на нашиот општествен живот! За што конкретно станува збор? Одговорот на ова прашање, претходно, изискува кус осврт на проблемот на вечноста.

Гледајќи ги промените, кои дејствително се одвиваат во природата, пред сѐ соочувајќи се со смртта, древните философи, кои ја сметаа материјата за вечна, го поставија логичното прашање: дали постои нешто вистинито, т.е., секогаш исто и неминливо во природата на нештата? Накусо речено, кај некои од нив, од посочената дилема произлезе учењето за идеите, како неминливи вистини за битијата. Имено, цветот ќе изгние и ќе исчезне, но идејата за цветот е вечна. Од друга страна, според внатрешната философија на христијанската мисла, вечноста не е апстрактна суштина, туку конкретна личност, која е ослободена од секоја нужност, принуда, и од било каква условеност и ограниченост! Се разбира, постојат и други согледби, кои можат да се надоврзуваат на досега реченото.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Името!”

Хрисостомос Стамулис: Светителите и поетите, веројатно…

 

Постои еден заборавен збор. Изненадување. Збор, којшто во еден број случаи се поврзува со роденденски забави, во друг, пак, со големиот и нов континент, како што ни го оприсутнуваат сега, и, со години, малите и големите екрани. Така, неговото значење се поистоветува со јубилејното и вонредното, фолклорното, наше или не, сеедно; та, од таму и се бори да го исцрпи своето значење. Но, што е битно? Значи, што човекот смета дека денес е битно? Што ќе речете на тоа да помислиме на некои малечки нешта, секојдневни, некои од оние, коишто ги нарекуваме вообичаени. Можеби некаде ќе нѐ одведат.

Continue reading “Хрисостомос Стамулис: Светителите и поетите, веројатно…”

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Климент Охридски – Светител на Вселената, на Ромејството!

(превод на омилијата изговорена на 23 Јуни 2016 г., на свештеничкото собрание во „Павловиот Културен Центар“, во Верија, Р. Грција, по повод прославата во Веријската Митрополија на 1100 години од упокоението на свети Климент Охридски)

Високопреосвештен Митрополите на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон, чесни отци,

во редовите што следуваат, преку еден аргументиран и непристрасен пристап, ќе се осврнеме на контекстот во којшто, на сцената на историјата, се појавува една исклучително блескава личност, а таква личност бездруго е светиот Климент Охридски! Потоа, накратко, тогашните историски околности ќе ги споредиме со сегашноста, со единствена цел: од изложеното во ова обраќање, секој мислечки човек, без принуда, да има можност самиот да донесе заклучок, што светиот Климент е, а што не е, од она, коешто различните научни и помалку научни пристапи ни го претставуваат во однос на неговата личност и дејност.

Continue reading “Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Климент Охридски – Светител на Вселената, на Ромејството!”

Flickr: Д.Н. камера

Како што е возможно сликарот да игра со боите, или, писателот со зборовите, така, извесно е дека оној што фотографира, може да се игра со светлината, и играјќи, истата да ја запишува!

Истовремено, познато е дека записот на светлината станува уште повозбудлив настан доколку нештата, кои се предмет на фотографирање, биваат погледнати од инаков агол, доколку композицијата на светлописот понуди една поинаква, нова согледба, ново искуство!

Continue reading “Flickr: Д.Н. камера”