Епископ стобиски Давид: Работилница на победи!

2018 Апр 05

Низ сета комплексност на човековото битие, познато е дека се профилираат и следниве два типови луѓе: пчели и муви. Ако на ѓубриштето изникнал цвет, тогаш пчелата го пронаоѓа и црпи само од цветот, без да обрнува внимание на сметот. Сосема спротивно, човекот мува, на ливадата со распослано цвеќе, го бара и се лепи само за изметот. Со овие индикативни зборови на современиот старец, преподобниот Пајсиј Светогорец, несомнено се илустрира еден од постоечките начини на восприемање и интерпретирање на севкупната човекова егзистенција. На пример, непобитен факт е дека се случува да врне дожд. Но, толкувањето на дождот е различно. Еден човек се помрачува затоа што дождот му ја уништува фризурата. Друг човек, пак, на истиот дожд, го издигнува лицето кон небото и со восхит ја прима секоја капка, која, како музика му одѕвонува по образите.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Работилница на победи!”

Епископ стобиски Давид: Унијатството како аномалија!

2018 Мар 29

Редовите, кои следуваат, се однесуваат на една, непопуларна, но не и небитна тема. Причината, поради која се нафатив да ја срочам содржинава, е разбивањето на целосната неинформираност на нашето општество за аспектот, кој следува. Без разлика на предочената непопуларност, полезно е, општеството, од елементарна култура, да стекне основни познанија за одредени сегменти, кои се однесуваат на неговото секојдневие.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Унијатството како аномалија!”

Епископ стобиски Давид: Анонимните против именитите!

2018 Мар 22.jpg

Слободата на изразот, без сомнеж, е еден од критериумите, според кои се цени човештината на едно општество. За разлика од времето пред интернетот, особено пред социјалните мрежи, денес, неспорно, секој е слободен да биде извор на информирање и јавен дијалог. Но, бездруго, токму тука демне и опасноста за злоупотреба на слободата, за инфицирање со вирусот на нечовештината. Посоченава стварност, уште еднаш го потврдува многуповторуваниот факт, дека вистинската слобода секогаш и истовремено подразбира одговорност, а слободата без одговорност претставува насилство врз другиот!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Анонимните против именитите!”

Епископ стобиски Давид: МАНУ како ветроказ на општеството!

2018 Мар 15

Се разбира, постојат исклучоци, но начелно, не сум се осврнувал на дневнополитичките настани, сами по себе. Пристапот, кој се трудам да го негувам, и, само заради сопствено ориентирање го именувам со синтагмата критичка гносеологија, секако нуди поглед и на ежедневното. Зошто го велам реченово? Периодов, не ретко, и со право се зборува за нестварно големите патни трошоци на пратениците, за шундот од српски турбо фолк и сличните мизерии, кои го чинат нашето денешно општествено милје. Граѓаните се загрижени за расчистување со македонскиот примитивизам и самодоволност. Но, мизеријата има подлабок корен. Смрдежот доаѓа од главата, согласно на пословицата, и тој повеќе не може да се сокрие. Насекаде мириса непријатно. За што точно станува збор?

Continue reading “Епископ стобиски Давид: МАНУ како ветроказ на општеството!”

Епископ стобиски Давид: Недозреаност на власта за верските слободи!

2018 Мар 08

За еден, сѐ уште нерешен, но не и нерешлив проблем, ќе зборувам отворено и, бездруго, добронамерно, бидејќи јавноста има право детално да знае на кој начин власта го оцрнува образот на нашето општество во очите на напредните демократии. На сите ни е познат слоганот со кој владеачката партија ги доби изборите: „живот за сите“! Актуелниов претседател на владата, во мај 2017 г., најавувајќи ги внатрешните реформски процеси, настапи со зборовите дека ќе составува, а нема да крши, дека земјата е зрела за водење нов начин на политика и ќе биде држава на сите граѓани, завршувајќи со клучната реченица: подавам рака кон секого.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Недозреаност на власта за верските слободи!”