Епископ стобиски Давид: Рождество Христово

Возљубени во Богомладенецот Христос,

секој од нас, баш, и не пребива во исчекување на денешниов датум за да се сети на неизглаголивата тајна на овоплотувањето на Втората Ипостас на Света Троица од Приснодева Богородица, туку во течението на целата година причестувајќи се на Литургијата, го живее севкупниот живот како продолжена Литургија и секој миг од постоењето му е учество во благодатта и на Рожедеството, и на Крстот, и на Воскресението! Оти, за какво празнување може да станува збор доколку човекот не го созерцува Христа, доколку не се допрел до Христа, доколку не се причестува со Телото и Крвта Негови? Следствено, соодветно на рамништето на коешто се наоѓа човекот, така и се однесува кон сето она што околу него се збива; очебијно е, значи, дека едни го „празнуваат“ овој ден, само денес, како световен адет што ги втурнува во идолатрија; а други, во Црквата го сведочат со сето свое постоење, секогаш и пред секого.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Рождество Христово”

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Божикно Послание до народот на Струмичката Епископија

I. Во својот вдахновен говор на годишниот испит, на 12 Јуни 1866 год., нашиот голем поет Григор Прличев ги изрече следниве едноставни и полнозначни зборови: „Секој го познава арното и лошото. Според тоа, уште повеќе сме за поучување, оти познавајќи го арното, пак сме закопчани за злото. Значи, лекот прв, којшто ја лечи секоја штета од корен, е учењето. Затоа Адам, кога првпат го виде сонцето, ги затвори очите. Кој го научи? Го научи номот (законот) Господов што му беше испишан во срцето, и му велеше: внимавај на себе!“.

Continue reading “Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Божикно Послание до народот на Струмичката Епископија”