Свети Григориј Палама: Беседа на божественото Преображение на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос, која докажува дека, иако сама по себе божествената светлина е несоздадена, таа, сепак, не е суштина Божја

паламаПророкот Исаиј предскажа за Евангелието, дека „Господ ќе сотвори реч собрана по сета вселена (λόγον συντετμημένον θα δώσει ο Κύριος επί της γης)“ (Ис. 10. 23). Собрано е она слово, коешто со малку зборови, опфаќа богата смисла. Да го испитаме, значи, денес она што веќе го разгледувавме и да го приложиме останатово, за сите да бидеме проникнати со чистата смисла што во нив се содржи и да бидеме обземени со божествено вдахновение.

„А по шест дни ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами; и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.“ (Мт. 17. 1, 2). И глеј, сега е погодно време, глеј, сега е денот на спасението, браќа, ден божествен, нов и вековит, ден којшто не се мери со временски интервали, ден кој ниту нараснува, ниту се смалува, ниту ноќ го прекинува. Тоа е денот на Сонцето на Правдата, „во Кого нема промени ни сенка од измена“ (Јак. 1. 17). Со благонаклоноста Очева и содејството на Светиот Дух, тоа Сонце откако човекољубиво заблеска над нас и од темнината нѐ изведе на неговата восхитувачка светлост, вечно го распространува своето блескање и продолжува да свети над нашите глави, бидејќи е незаоѓачко сонце.

Continue reading “Свети Григориј Палама: Беседа на божественото Преображение на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос, која докажува дека, иако сама по себе божествената светлина е несоздадена, таа, сепак, не е суштина Божја”