Хосе Ортега и Гасет: Одново да се потврдиме со обврската кон вистината

ortega-y-gassetСпоред моето уверување, политиката е: размислување за корисното.

Но, кога политиката ќе зацари со свеста и ќе почне да управува со севкупниот наш духовен живот, тогаш преминува во мошне сериозна болест. Причината е јасна. Додека корисното го прифаќаме како корисно, ништо не може да ни се префрла. Но, доколку таа опседнатост со корисното постане основна одлика на нашата личност, тогаш кога и да ја бараме вистината, ќе тежнееме да ја помешаме со користа. А, од корисното да се прави вистина, е тоа е дефиниција за лагата. Царството на политиката, значи, е царството на лагите.

Continue reading “Хосе Ортега и Гасет: Одново да се потврдиме со обврската кон вистината”

Хосе Ортега и Гасет: Бог е на видикот

filosofi

Земјината орбита има свој перихел и афел: момент кога нашата планета е најблиску до сонцето и момент кога е најоддалечена од него. Некој набљудувач на ѕвездите, којшто би ја здогледал земјата во мигот додека бега од сонцето, би помислил дека таа никогаш нема да му се врати, туку дека секој ден, сѐ повеќе и повеќе, вечно ќе се оддалечува. Но, доколку малку почека, ќе види дека земјата, благо менувајќи го правецот на својот лет, та закривувајќи ја својата патека, уште побргу се враќа кон сонцето, како гулабица во својот голубарник и како бумеранг во раката што го фрлила. И на историската орбита, слично се случува со човековиот ум во односот кон Бога. Постојат епохи на odium Dei, на големо бегство од божественото, во коишто таа силна планина наречена Бог, скоро целосно исчезнува од линијата на хоризонтот. Потоа следи доба на зреење, кога нагло, во недопреното волшебство на едно девствено крајбрежје, од заветрината би се појавила карпата на божественото. Сега чукна часот кога на цел глас треба да се викне од кошницата на јарболот: Бог е на видикот!

Continue reading “Хосе Ортега и Гасет: Бог е на видикот”