Анестис Кеселопулос*: Црквата и современиот свет*

пловидба

Поимите за Црквата и светот. Црквата е образ и изображение (τύπος και εικόνα) „на севкупниот свет, кој се состои од видливи и невидливи суштини“.[1] Согласно на овој израз, но и, воопшто, низ перспективата на учењето на Светото Писмо и Отците на Црквата, сите нешта на светот се создадени од Бога за да постанат и да постојат како Црква. Следствено, не е возможно да се вметнуваат цврсто и исклучиво помеѓу свештеното и профаното, како што, исто така, е бесмислено било какво преполовувачко расудување помеѓу Црквата и светот. Црквата го должи нејзиното основање и потекло на Бога. Но, и светот во Бога ја има неговата причина и неговото објаснување. „Сѐ е преку Него и за Него создадено“.[2]

Во Црквата и во светот се откриваат енергиите Божји и се покажува Неговата слава. Ниту светот може да биде разбран без Бога, но денес, ниту Бог може да биде поимлив без Неговото создание. Троичниот Бог е целиот свртен творечки, откровенски и сотириолошки кон историјата на светот. Тоа, без сомнеж, воведува еден дијалектички однос помеѓу Бога и светот. Светот не само што не бива отфрлен, туку станува предмет на љубов и на особена сотириолошка грижа Божја: „бидејќи Бог толку го возљуби светот, што и Синот свој единороден го даде, за секој кој верува во Него да не погине, туку да има живот вечен“.[3]

Continue reading “Анестис Кеселопулос*: Црквата и современиот свет*”