Митрополит Навпактски Јеротеј: Умот и логиката во Православното искуство

άγιο-όρος

Во Православното Предание постои разлика помеѓу: ум (νους), и, логика. Едно е ум, а друго е логиката. Општо речено, како што се гледа од Православното Предание – умот е окото на душата, со коешто човекот го гледа Бога! Умот е орган со кој човекот го гледа несоздаденото, а логиката е центар за познание на создаденото, бидејќи ги испитува создадените работи. Некои Отци, за поточно да определат: што е умот, го поврзуваат со вниманието и велат дека умот е најистенченото внимание. Таму, каде што се наоѓа вниманието, таму се наоѓа и умот на човекот.

Continue reading “Митрополит Навпактски Јеротеј: Умот и логиката во Православното искуство”

Митрополит Навпактски Иеротеј (Влахос): Надминување на национализмот

Православната Црква е наднационална и следствено – укинување е на национализмот и расизмот. Таа може да живее на сите должини и широчини на земјата, по целата икумена, може да ја прифати човекот на секоја земја и на секое време и да го упатува кон обожение.

Етнофилетизмот, било тој да е грчки, бугарски или арапски…, според Православната Црква е ерес. Не е можно расата, родот да се стават над единството, коешто се постигнува со дејството на Светиот Дух во Црквата. Национализмот не само што ѝ е туѓ на Црквата, но е и нејзин противник. Значи, етнофилетизмот не може да се сообрази со Православната Црква. Не е можно да се заштитува посебнa раса или посебен народ на штета на Соборната Вера, зашто ова го разградува единството на Црквата, коешто го утврдува благодатта Божја и борбите на Светите Отци. Осудата и одлачувањето на национализмот се однесуваат и на оние, коишто прифаќаат и создаваат националистички парасинагоги, како и на сите оние, кои се сложуваат со неканонските дејства на етнофилетизмот. Сите овие се сметаат за туѓи на Црквата и Христа, та следствено, се схизматици!

Етнофилетизмот е една еклисиолошка ерес, бидејќи го раскинува единството на Црквата, коешто е Телото Христово. Многу добро знаеме дека секоја христолошка ерес истовремено е и еклисиолошка, како што и секоја еклисиолошка ерес е и христолошка. Национализмот претставува „некоја нова мисла“; станува збор за „распространување на злото“, за невидена „племенска парасинагога“, којашто настанала со нарушување на светите канони на Црквата и нормално, оние, коишто се обиделе да ја создадат таа парасинагога се натрапници и туѓи на Едната Света Соборна и Апостолска Црква. Тоа значи дека во ваквите парасинагоги благодатта Божја не дејствува. Затоа и нивните молитви и благослови се непријатни и тегобни.

Continue reading “Митрополит Навпактски Иеротеј (Влахос): Надминување на национализмот”