Епископ стобиски Давид: Фотељокентаури!

Со спласнувањето на занесот и префрлање на вниманието на претстојните избори, можеме да бидеме на чисто: причината за целосниот дебакл на РСМ од недобивањето преговори со ЕУ, вистинољубивите новинарски пера со хируршка прецизност ја лоцираа во целосното отсуство на суштинските реформи! Ако реформите се збиднат, од нашава, со тапија делумно слободна земја, некогаш треба да направат целосно слободна демократија. Безбели, веќе на сите им станува јасно дека едно нешто се политичките договори со соседите; сосема, пак, друго нешто е континуираното владино минирање на реформскиот процес, особено таму кадешто е најпотребен, во фингираното домашно судство!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Фотељокентаури!”

Епископ стобиски Давид: Книгата или трејлерот, прашање е сега?

Го предупредил ли некој премиерот дека се изложува себе си на опасност! Имено, Конфуциј вели: „да мислиш, без да читаш, е опасно. Да читаш, без да мислиш, е бесполезно“! Денес постојат мислечки луѓе, кои, не обопштувајќи, ценат дека живееме во предвидлив свет, свет без изненадувања. Лесно е предвидливо – сѐ помалку ќе се чита! Годинешнава збирка „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт, покрај дневнополитичкиот размер, предупреди и на сеопшта опасност, со алармот во вид на совет од висока државна позиција, кој гласи – не е неопходно да се чита!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Книгата или трејлерот, прашање е сега?”

Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!

Во одредени академски кругови на Европа, особено оние на социјалната теологија со германски бекграунд, веќе циркулираат неколку докторати, кои критички се осврнуваат на сѐ што се случуваше во минативе петнаесетина години, во однос на државниот прогон врз верските слободи на дел од граѓаните на нашава, сѐ уште, делумно слободна држава. Заради историското паметење, некои поглавија со хируршка прецизност ја обработуваат улогата на домашните печатени медиуми при отфрлањето на познатата Нишка спогодба од 2002 година. Пред да стане збор за улогата на весниците во третирањето на теолошките теми, накратко да се потсетиме на Нишката спогодба (2002 г.), во компарација со молбата на МПЦ (2017 г.), Бугарската патријаршија да стане нејзина мајка.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Новинарски поглед низ скршен политички диоптер!”

Епископ стобиски Давид: Дупката како референца!

Ако се појде кон Преспа преку стариот пат за Велес, што денес го нарекуваат и ни го наплаќаат како автопат, после исклучувањето кај Градско, брутализмот станува полесно видлив. На друмот се нанижани дупки и нерамнини, како зјапнати закани кон човекот, кој сака да се движи напред. Доколку, пак, патникот продолжи кон Гевгелија, или, уште полошо, ако оттаму се враќа, шансите да биде голтнат, двојно повеќе се зголемуваат. Тотални акциденти демнат буквално насекаде! Оставам ли празен простор, секој читател би можел да ја допише дупката, која живот чини! Но, реченово е доволно индикативно.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Дупката како референца!”