Епископ стобиски Давид: Р. Македонија пред промена на Уставот

Вниманието на домашната јавност деновиве е окупирано од предизвикот  пред кој се исправени епископите на МПЦ, спроти претсојниот ноемвриски собир на кој ќе одлучуваат за менување на името на нивната црква. Во однос на причините за посочената можна промена, средствата за информирање претставија широка лепеза на  мотиви: „усогласување со уставните норми“, „олеснето комуницирање со црквите кои не ја признаваат МПЦ“, „прецизирање на името“, „Охридската архиепископија е исклучиво бренд на МПЦ“ и т.н. По настапите на достоинствениците на МПЦ остана впечатокот за отсуство на воедначен став во нивните редови, во однос на ова суштинско прашање. Оттука произлезе и дополнителната забуна за т.н. пробен балон упатен кон засегнатото граѓанство, како претходница за промена на името на државата.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Р. Македонија пред промена на Уставот”

Епископ стобиски Давид: Прокрустовата постела на цезаро-папизмот

Двајца луѓе, во молк, чекореа покрај тополите кои испуштаа сребрен шум, додека длабокиот ветар го топеше снегот на заборавот. И гледај! Одненадеж над езерото неискажлив миг! Едниот од нив, смогна да изусти со невенлив глас: колку е прекрасно што слободата не е избор помеѓу „да“ и „не“; слободата е: да си независен од избор! Вториот со острастеност во ноздрите, наместо одговор, свика: погледни се, бре, каков си! Ти си оваков! Ти си онаков! Ти си никаков!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Прокрустовата постела на цезаро-папизмот”

Епископ стобиски Давид: Идентитетот

Исконскиот внатрешен глас, што татни во секого од нас, го детерминира човекот како битие, кое по цена на жртва се спротивставува штом му се врши присилба. Полнозначен е исказот на јунакот од Подземјето на Достоевски. Кога му ја укинуваат можноста за протест, тој егзистенцијално одговара дека макар и во џебот ќе покаже „шипак“, во знак на несогласност. Согледуваме дека слободата е непоткуплива. И семоќниот Бог, во неговиот личносен пристап, без остаток ја испочитува слободата на Адам. Во спротивно не ќе можеше да одговори на адамовското, на длабокото човечко прашање: смеам ли јас поинаку од ова што си ми го определил?

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Идентитетот”

Епископ стобиски Давид: Цело Православие чека на МПЦ

Другиот е константен факт за нашата човечка стварност (Сартр). Зар постои човек, којшто не го поимил своето постоење како екстатично исходење од себе си заради другиот, како пречекорување на границите на сопствената природа и непрекинливо движење кон другиот, гледање на другиот, познание на другиот, бивање со другиот. По својата природа човекот е битие на заедничарењето, личност за комуникација. Оттука, човечката слобода за којашто копнее секој човек, постанува бесмислена без другиот. Одговорот на прашањето: што значи да се биде среќен, треба да се побара во етимологијата на зборот, во старословенската „срешта“, односно – средба. Оној што се среќава е среќен. Среќата не се огледува во слободата од другиот, иако се добива впечаток дека мнозина денес така ја разбираат слободата. Среќата се огледува во слободното давање себе си на другиот, во содејство, во соработка, во разговор, конечно, во преговори.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Цело Православие чека на МПЦ”

Преписка со градоначалникот на Струмица

Божикна честитка до градоначалникот на Струмица, г. Зоран Заев.

Одговорот од градоначалникот на Струмица, г. Зоран Заев.

Одговор на писмото на г. Зоран Заев

Епископија Струмичка

Протокол бр. 4 од 09 Јануари 2009 год.

До: Градоначалникот на
општина Струмица г. Зоран Заев

Струмица

Почитуван г. Зоран Заев,

Ја ползуваме оваа прилика срдечно да Ви заблагодариме за писмото, коешто ни го испративте (враќајќи ни ја со него и Божикната честитка што Ви ја упативме, а којашто како содржина ја имаше книгата на светиот Никола Кавасила „За животот во Христа“, како и нашето годинешно Божикно послание), и, се разбира, според редот, да Ви одговориме на тоа што ни го пишувате.

Continue reading “Преписка со градоначалникот на Струмица”