Кавафис: Времето за Нерон

Не се обеспокои Нерон кога го чу

на Делфиското пророчиште претскажаното:

„од седумдесет и третата година да се плаши“.

Му претстоеше уште време за наслади.

Триесет години има. Мошне доволно

е времето што Бог му го дава

да се погрижи за опасностите идни.

Сега во Рим ќе се врати уморен малку,

Continue reading “Кавафис: Времето за Нерон”

Кавафис: Бог го напушта Антониј

Кога одеднаш, в полноќен час, се чуе

трупа невидлива, како минува

со преубава музика, со звуци –

среќата твоја која веќе отстапува, делата твои

кои не успеаа, плановите на твојот живот

кои се покажаа заблуди, напразно немој да ги скрбиш.

Continue reading “Кавафис: Бог го напушта Антониј”