Кавафис: Чекајќи ги варварите

konst-kavafis

Соништата од детството и радоста од игрите одненадеж биваат заменети со секојдневната груба стварност! Притиснат од грижите за опстојување и нурнат во несигурноста за иднината, и згора на сѐ во една нагласена осаменост, човекот заборава зошто живее и се соголува од вродениот поетски јазик, кој блика, кој извира во него, изразувајќи ја така неговата личност. Поезијата бива прогонета од животот! Мноштвото луѓе се задушуваат во неплодниот јазик на ежедневните: политика и вести! Варварите ли се виновни? Да видиме што вели Кавафис!

– – –

ЧЕКАЈЌИ ГИ ВАРВАРИТЕ

– Што чекаме на плоштадов собрани?

Чекаме варварите да стигнат денес.

– Зошто внатре во Собранието едно такво бездејствие?

Зошто пратениците седат, а не законодаваат?

Continue reading “Кавафис: Чекајќи ги варварите”

150 години Кавафис

кavafis

Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на големиот поет Константѝнос Кавафис.

Кавафис е роден 1863 г., во Александрија, Египет. Се упокоил 1933 г., во истиот град. За време на животот бил малку извесен поет. Неговата прва книга поезија излегува постхумно во 1935 година. Живеел во Ливерпул, Константинопол и Александрија. Поседувал англиско државјанство од коешто се откажал. Пишувал на англиски, француски и грчки јазик.

Continue reading “150 години Кавафис”