Душата на Христијанинот треба да е префинета, да е чувствителна, да е чувствена, да лета, постојано да лета, да живее во „соништата“. Да лета во бескрајот, помеѓу ѕвездите, во величијата Божји, во тишината.
Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет. Тоа е тоа! Треба да страдаш. Да љубиш и да страдаш. Да страдаш за тоа што го љубиш. Љубовта се труди за љубената личност. Цела ноќ трча, бдее, ги изранува нозете, само за да се сретне со љубената личност. Прави жртви, не води никакви сметки ниту во однос на заканите, ниту за тешкотиите; а, сѐ во име на љубовта. Љубовта кон Христа е нешто сосема поинакво, бесконечно повозвишено.
Continue reading “Старец Порфириј Кавсокаливит: Оној што сака да биде Христијанин, треба прво да стане поет”