Псалм 145

преп. Сисој

Прекрасните стихови од, како што го нарекуваат: „Псалтир“-от на светиот Пророк и Цар Давид, денес, како и во многу други епохи од постоењето на човекот, биваат читани повеќе од било кои други стихови на Стариот Завет. Сведочам дека постојат места, кадешто поезијата на Псалмите се пее без престан.

Следува Псалмот 145, и претходно, краткото толкувањето на стиховите 3 и 4, од споменатиот Псалм, којшто, познато ви е, го слушаме секоја недела: „Не ја потпирајте вашата надеж и вашите убедувања во водачите од овој свет, во синовите на трулежните луѓе, коишто немаат моќ да ве спасат. Духот на секого од нив ќе излезе од неговото тело и телото ќе се врати во земјата негова. Во тој ден на смртта, ќе се изгубат сите мисли и планови нивни.“

Псалм 145

1. Прославувај Го, душо моја, Господа.

2. Ќе Го прославувам Господа во животот мој,

ќе Му псалмопеам на Бога мој додека постојам.

3. Не се надевајте на кнезовите,

на синовите човечки, во нив нема спасение.

4. Излегува духот негов и телото ќе се врати во земјата своја,

во тој ден се губат сите помисли негови.

Continue reading “Псалм 145”

Епископ стобиски Давид: Светиот Пророк Давид

свети пророк давидИзвесно е дека создаденото постои само преку учеството во Несоздадениот, во Нераспадливиот; та, еве нѐ, и денес заедничариме во несоздадената благодат, којашто во изобилие ни се пројавува низ, без престан, празнувањето на овоплотувањето на Логосот Божји. Посакувам денешново кусо слово да биде поттикнувачко токму во однос на празнувањето на животот, во однос на начинот на стекнувањето на несоздадената благодат и славењето на постоењето.

Во древните времиња живееше еден човек за когошто можат да се кажат многу и различни нешта; но, ајде, денес да се задржиме само на еден пример. Овој човек судеше како што сакаше и пресудуваше кому сакаше; секако, без право на жалба! Неговата положба беше цар, а името негово: Давид. Судеше секому, освен на еден човек. Тој еден човек беше Неговото Величество, значи – самиот тој, Давид! За неговите дела не важеше законот Мојсеев, иако, се разбира, тој закон имаше соодветни прописи и за делата Давидови; но, сепак, сите ние знаеме дека овој цар Давид, Господ, низ вековите го прославува помеѓу луѓето како: богоотец, светител, пророк, псалмопевец!

Следствено, едно е недвосмислено јасно: Царството Небесно е полно со луѓе, коишто промашувале, коишто грешеле во животот; но, несомнено, она што е најважно е токму непобитниот факт дека тие го живееле подвигот на преумувањето, дека го менувале на добро квалитетот и начинот на мислењето и, воопшто, на битисувањето! Помеѓу нив, ќе речат отците, прв и најпознат по неговите солзи е Давид.

После отрезнувачкиот, пословичен разговор со пророкот Натан, големиот цар и судија Давид, престана да ги суди другите, и почна да се суди, т.е. да се проценува, да се согледува себе си. Моќниот цар станува моќен и во преумувањето, т.е. во возвишената мудрост, којашто им недостасува на мнозина денешни, минливи владетели. Моќниот цар станува, од Духот Свети, вдахновен пророк и поет Божји, оној што го објавува словото Божјо, согласно на древниот пророчки исказ: Господ Бог зборува, кој е тој што нема да пророкува! Моќниот цар станува стихотворец на преумувањето, на покајанието. Тој е и богоотецот, од когошто, по плот, ќе произлезе Христос.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Светиот Пророк Давид”

Светиот Григориј Нисиски за Пророкот Давид

даниил давид соломон

Како благ сопатник на човековото живеење, Пророкот Давид се наоѓа на сите патишта од животот, соодветно се дружи со сите духовни возрасти и блиску е до мнозина што напредуваат. Се игра со младенците, се натпреварува со мажите, ги воспитува младите, ја поддржува староста, секому му станува сѐ. Бива оружје на војниците, тренер на спортистите, борилиште на оние што вежбаат, венец на победниците, радост на трпезата, утеха на погребите. Не постои нешто во нашиот живот што не учествува во оваа благодат. Која силна молитва се збиднува, а Давид да не е поврзан со неа? Која радост од празникот ја вкусуваме без да ја орадости Давид? Во тоа можеме да се увериме и сега;

Continue reading “Светиот Григориј Нисиски за Пророкот Давид”

Епископ стобиски Давид: За светиот пророк и псалмопевец Давид

psalmopevecot

Со кои слова да го восфалиме, денес, блажениот Давид? На почетокот ќе кажеме дека, кога Давид ќе ја разигра неговата духовна лира преку Псалмите, веднаш се буди нашето најдлабоко вонмем и изразот негов ја омудрува мислата човекова. Следствено, од сите книги на Стариот и Новиот Завет, се чини книгата Давидова е помеѓу омилените на Христијаните, та тие ја имаат во срцето и на усните, ден и ноќ. И на црковните бденија и во домашната молитва, како скапоцено миро Давидовите стихови се разлеваат и на почетокот, и на средината и на крајот од словесната служба Богу. Како што вели светиот Хризостом, пророкот што денес го празнуваме – земјата ја прави небо, а луѓето ги прави ангели!

Continue reading “Епископ стобиски Давид: За светиот пророк и псалмопевец Давид”