Епископ стобиски Давид: Улица!

Шеталиштето во Белиот град беше речиси исполнето со вообичаени, секојдневни движења. Мноштвото луѓе, внимателно и со нескриена восхит, преку ширум отворените очи, гледаше во забавувачите, начулувајќи ги ушите, ги слушаше уличните музичари, или, пак, се ладеше со овошен сладолед на запурната горештина, настаната после летниот дожд, проследен со грмежи. Востановената култура, не ретко, на човека му дава сигурност и галеж на чувството. Но, таквата култура не е сѐ, зар не! Ете, низ мноштвото, двајца черноризци чекореа, полека градејќи го разговорот со внимателно избрани зборови и ништо не навестуваше дека одненадеж ќе им искрсне сосема нова, но веќе постоечка стварност, која повеќето минувачи, вјасајќи, не стигнуваа да ја согледаат. Од метежот, овие двајца скршнаа во една исцело невообичаена улица.

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Улица!”