Епископ стобиски Давид: Републиката!

Како лично запознавање со копнежливиот спомен за иднината, како средба, очи в очи, со метафорите за ветената земја, како прогласување република на културата, како планинскиот врв, кој на човека му ја предочува возвишеноста на живеачката, како „брат брата не рани, тешко му кој го нема“, како зашеќерено јаболко за децата, како летање змеј од хартија, […]

Епископ стобиски Давид: Јубилејот!

На дел од домашната јавност ѝ е познато дека оваа 2017 г., МПЦ прославува 50 години од самопрогласувањето на автокефалијата и дека на почетокот од овој месец се одржа централната прослава по повод јубилејот. Се разбира, погледнато од уставен аспект, од гледна точка на почитување на верските слободи, никој, ниту може, ниту смее да го […]

Епископ стобиски Давид: Одрамувањето!

Секогаш постои начин, човекот да си го одбере и да го направи најлошото! Да вметне во рикверц и да се повика на славното минато, особено кога сегашноста му е бедна, а иднината неизвесна. Во обид да ја избегне оваа опасност, нашата политичка сцена, низ пострежимскиов период се ориентира кон афирмацијата на демократските вредности. Но, истовремено, […]

Епископ стобиски Давид: Скокачот!

Се добива впечаток дека не го помниме сопственото минато, а извесно е дека тие, кои не се сеќаваат на тоа низ што поминале, осудени се повторно да го живеат истото. Затоа, редовите кои следуваат претставуваат скромен обид, преку конкретен пример, кој може да има преносно значење за многу нешта, да се дојде до сознанието дека […]

Епископ стобиски Давид: Богомолци!

Во пресрет на претстојните локални избори, се чини пригодно е да се артикулира ставот во однос на појавата, која го окупира вниманието на мислечките луѓе во земјава, особено во текот на предизборните кампањи, но и помеѓу нив. Во обидот да доловам за каква појава точно станува збор, ќе се послужам со следната илустрација.

Епископ стобиски Давид: Автокефалијата!

Во едно демократско општество, кадешто се почитува уставната определба за одделеност на црквата и верските заедници од државата, пишувањето на овие редови ќе беше беспредметно. За жал, кај нас е повеќе од неопходно! Во продолжение, накратко, ќе ја разгледаме причината за предочената нужност. Постојат напредни демократии, кои, согласно на нивниот правен поредок, немаат закон за […]

Епископ стобиски Давид: Јазикот!

Невозможно е лесно да се прифати распространетата, но површна определба, според која, да се познава еден јазик, значи дека е доволно со истиот само да се разговара, употребувајќи околу стотина зборови во секојдневниот говор. За човекот да биде препознаен како писмен, сепак, неопходно е да ги познава облиците на зборовите, правилата при составувањето реченици, правописот […]

Епископ стобиски Давид: Името!

После неколку месеци од доаѓањето на новата власт, приличи да се предочи една, сѐ уште демнечка закана за развојот на нашиот општествен живот! За што конкретно станува збор? Одговорот на ова прашање, претходно, изискува кус осврт на проблемот на вечноста. Гледајќи ги промените, кои дејствително се одвиваат во природата, пред сѐ соочувајќи се со смртта, […]

Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид: Климент Охридски – Светител на Вселената, на Ромејството!

(превод на омилијата изговорена на 23 Јуни 2016 г., на свештеничкото собрание во „Павловиот Културен Центар“, во Верија, Р. Грција, по повод прославата во Веријската Митрополија на 1100 години од упокоението на свети Климент Охридски) Високопреосвештен Митрополите на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон, чесни отци, во редовите што следуваат, преку еден аргументиран и непристрасен […]

Епископ стобиски Давид: Проникнување на времето со вонвременото!

(обраќање на 10-годишнината од хиротонијата во архиерејски чин) Ваше Блаженство Архиепископе на најсветата Архиепископија охридска и Митрополија скопска г.г. Јован, Ваше Преосвештенство Епископе брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, чесни отци, преподобно монаштво, возљубени во Богочовекот Христос, не ретко се збива убавиот обичај, луѓето да го прославуваат заокружувањето на одредени временски периоди, веројатно со цел […]

Кон познанието / Човекот поет

По повод 10-годишнината од архиерејската хиротонија на Епископот стобиски и Местобљустител струмички Давид, Струмичката Епископија на Православната Охридска Архиепископија ги објавува следните, нови наслови: Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид КОН ПОЗНАНИЕТО (белешки од догматиката) и, ЧОВЕКОТ ПОЕТ (збирка преводи; превод од грчки, српски и англиски јазик: Епископ стобиски и Местобљустител струмички Давид) Епископ стобиски […]

Епископ стобиски Давид: Времетворци!

Еден од моите омилени поети, Збигњев Бјењковски, ќе ги испее следниве едноставни, но полнозначни стихови: „Точката до која стигнав, е точка на гледање. Гледам и опишувам“. Кој е нашиот аспект и како, секој од нас би ја опишал изложбата на нашето опкружување? Впечатлив е портретот на времето во кое живееме. Свенат лик, насликан со разните […]

Епископ стобиски Давид: Кошмарите да завршат веднаш!

На личносно рамниште, во нашето опкружување, и тоа како, возможно е да се сретнат мноштво луѓе, кои имаат впечатливи и достојни за восхит критериуми, според кои го вреднуваат постоењето. И, иако мнозина од нив, не ретко, истите јавно ги соопштуваат, сепак, кога станува збор за општо прифаќање на веќе потврденото познание, тогаш, одненадеж и необјасниво […]

Епископ стобиски Давид: Будењето е нашето воскресение!

Да бидам искрен, и јас ја делам убеденоста дека мнозина луѓе денес од религијата очекуваат или во неа бараат само идеологија. Ништо повеќе! И за мене тоа претставува идолопоклонство. И мене, посочениот пристап прилично ми ја отежнува комуникацијата, односно дружбата со таквите луѓе, кои под плаштот на религијата им робуваат на принципите на некаква идеологија. […]

Епископ стобиски Давид: Видео игри!

Не постои простор за споредба помеѓу, од една страна, севкупното спроведување на дело на постапката за правење вино, и, од друга страна, набљудувањето на процесот, од селекција на грозјето, до флаширање на виното, и негов опис. Да се прави вино, тоа значи постепено и префинето да се напредува во бременоста на стекнатите знаења, додека да […]