Епископ стобиски Давид: Обраќање на Молебниот канон на Пресвета Богородица

канон

(од денешната служба на Молебниот канон на Пресвета Богородица)

Верувам, ќе се согласиме дека не е мал бројот на луѓето, коишто го поседуваат површното сфаќање за православието, како само за една од многуте религии, кои имаат единствена цел, а таа е да ги подготват луѓето за живот после смртта.

Оние, коишто така веруваат, го сфаќаат православието исклучиво како живеење, кое не се однесува толку на сегашноста, колку само на некаков си futur. Таквиот пристап прави од луѓето пасивни личности, коишто престануваат да бидат творци на различни убави нешта, та само си чекаат да умрат за да отидат во Рајот, единствено заради тоа што за време на животот биле православни.

Други, пак, заинтересирани се православието да им помогне да заживеат подобро во овој живот. Превземаат дејствија со кои ги задолжуваат свештенослужителите низ разни храмови да се молат за нив со молитви кои ќе им помогнат добро да им напредува работата, да имаат мир во бракот и слично.

Но, не е добро кога некој сака едно камче да го претстави како цел мозаик!

Конечно и недвосмислено, православието не е религија, не е заглавено во калапи, и секој што тоа не го сфаќа, не го ни разбира православното Христијанство!

Во автентичното православие се случува едно секојдневно, динамично исцеление на умот, едно секојдневно, активно и длабоко менување на начинот на мислење и постоење со подобар и подобар квалитет, сега и овде, бидејќи „во Адот нема преумување!“

Continue reading “Епископ стобиски Давид: Обраќање на Молебниот канон на Пресвета Богородица”

Соборност

соборна литургијаСоборноста е една од основните одлики на Православната Црква Христова.

со вселенскиот патријархВерата во соборниот карактер на Црквата е изразена во самиот Символ на верата: „Верувам во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“, кадешто грчкиот израз Καθολική, кај православните Словени е преведен со зборот Соборна, иако од почетокот до денес се употребува и изразот Католичанска.

со рускиот патријархСоборноста конкретно е присутна и нам луѓето ни е реално достапна во Светата Евхаристија – Литургијата на нашата Православна Апостолска Црква, којашто е најконкретно манифестирање на соборниот карактер и католичанската полнота на Црквата.

– – –

од прославата на: 1700 години Милански Едикт; 04-08. Х. 2013 г., Белград – Ниш – Подгорица